20/01/2025
ФД С/Н финансии од Битола филијала Велес , поради зголемен обем на работа има потреба од проширување на тимот на следната работна позиција:
Кредитен Референт за продажба на кредити и туристички аранжмани .
Кандидатот потребно е да ги има следниве квалификации:
Потребни квалификации
Средно Економско училиште, предност Економски факултет или Факултет за туризам
Одлични комуникациски и продажни вештини
Одлично владеење на MS Office пакет
Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритети
Самоиницијативен, снаодлив и тимски работник
Аналитички способности,систематични, упорни и енергични
Амбициозност и мотивираност, со желба за континуирана надградба и унапредување
Позитивен пристап
Љубезност , учтивост и совесност
Опис на работни задачи и одговорности:
Промоција и продажба на туристички и кредитни производи
Изработка и анализа на барањето на клиентите
Градење на квалитетни односи со клиенти
Поддршка на корисниците при избор на најсоодветна опција за клиентот
Поддршка на корисниците при процес на апликација и одлука
Следење на потенцијални клиенти и комуникација со нив
Зголемување на базата на нови клиенти во согласност со стратегиите на компанијата
Постојано следење на условите на пазарот
Вашата професионална биографија и мотивациско писмо испратете ги [email protected] најдоцна до 07.01.2025 со назнака за оглас за вработување .
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на тест и интервју.
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на нашата компанија за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена податоците ќе бидат избришани.