18/03/2020
Субвенции за придонеси на вработените и бескаматни кредити за справување на бизнисот со последиците од КОВИД-19
➡️ Микро компаниите, до 10 вработени, ќе може да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра, малите компании со 10 до 50 вработени, ќе може да подигнат кредит од 10 до 15 илјади евра и средните компании со 50 до 250 вработени, ќе може да подигнат кредит од 15 до 30 илјади евра. Она што е овде важно е дека овие кредити се бескаматни, со каматна стапка од 0 проценти, грејс периодот ќе биде 6 месеци, а рокот на отплата 2 години.
➡️ Субвенционирање на придонеси за вработените во компании од секторите туризам, транспорт, угостителство и други погодени компании, за месеците април, мај и јуни од 2020 година, со субвенција на придонеси по вработен во висина до 50% од просечна плата исплатена во 2019 година
➡️ Во однос на работењето во фабриките и погоните каде работат голем број на работници, Владата препорачува да се реорганизира работата во смени, по потреба и во 4 смени, посебно во компании со поголем број на вработени. Владата исто препорачува дезинфекција на фабриките и работните површини после секоја смена
➡️ Заради овозможување на непречен влез и транзит на товарни возила, Санитарен инспекторат преку Макамтранс ќе дава дозвола за влез со цел да има непрекината трговска размена.
Сите дополнителни информации на следниот линк:
https://vlada.mk/node/20574?fbclid=IwAR2vvzrsW4CJD7VbZbIXN2jdKj1bMTA4b_QSQ6WTri-sC_368klANtbsWVE
Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на народна б...