04/06/2026
Низ оваа врата низ годините влегле и излегле многу луѓе. Некои останале пократко, некои подолго, а некои оставиле трага што не се мери само со време, туку со посветеност, труд и човечност.
Оние што безрезервно ја дале својата енергија, своето време и секојдневно се справувале со сите предизвици, се вистинска инспирација. Токму таква е и нашата колешка Лилјана Ветровска – Лиле, која по 30 години работа во Караорман денес замина во пензија.
Нејзиниот пат не беше лесен, но беше исполнет со истрајност, сила и достоинство. И покрај сите лични и здравствени предизвици, ја испративме во пензионерски денови.
Во нејзина чест денес организиравме мал, но многу значаен настан во нашата конференциска сала, со дегустација на пици и освежување.
Лиле, ти благодариме за сè што даде во овие 30 години. За трудот, за силата, за присуството и за примерот што го оставаш зад себе. Ти посакуваме пензионерските денови да ти донесат мир, здравје и многу убави моменти.
Се извинуваме и за малиот технички пропуст со музиката, но ветуваме дека ќе надоместиме во некоја следна убава прилика.