Комерцијална банка АД Скопје

Комерцијална банка АД Скопје Ја градиме довербата преку отворена комуникација со клиентите.

Собирај поени со секое плаќање со твојата Debit Mastercard World и со Zipp Mastercard Debit World картичката, која е дел...
05/09/2026

Собирај поени со секое плаќање со твојата Debit Mastercard World и со Zipp Mastercard Debit World картичката, која е дел од Zipp.club пакетот за млади. 💳

А во Zipp-тември со Zipp Club добиваш двојно повеќе поени во BonusBox.

Како? Регистрирај се во програмата за лојалност BonusBox и собирај поени со секоја трансакција.

Потоа можеш да ги користиш за 👇

💰 Поврат на средства
⭐ Плаќање со поени
🎁 Подарок-картичка

✨ Регистрацијата е лесна: https://kb.mk/bonusbox.nspx

Не чекај - секој ден е шанса за нови поени и подароци. 🎁

Аплицирај онлајн преку OneID за твојата нова Mastercard World картичка https://kb.mk/uslugi-so-oneid.nspx

Аплицирај за Visa Gold кредитна картичка од Комерцијална банка и уживај во уникатни привилегии, секој ден. Што сѐ добива...
04/09/2026

Аплицирај за Visa Gold кредитна картичка од Комерцијална банка и уживај во уникатни привилегии, секој ден.

Што сѐ добиваш со Visa Gold? 👇

🟢 Максимален кредитен лимит дo 500.000 денари
🟢 Бонус од 0,3% од остварените трансакции во трговија, со кој стекнуваш удели во КБ Инвест – Балансиран
🟢 Бесплатна Fast Track услуга на аеродромот во Скопје, 4 пати во годината
🟢 Бесплатна SmartDelay услуга во случај на доцнење на лет
🟢Специјални попусти и понуди низ светот со „Visa свет на придобивки“

Дознај повеќе и избери ја твојата Visa Gold кредитна картичка на следниот линк

https://kb.mk/visa-gold.nspx

Тимскиот дух за штафета се гради пред трката, а се докажува на патеката! 🏃‍♀️Штафетната трка е посебен предизвик 👉 еден ...
04/09/2026

Тимскиот дух за штафета се гради пред трката, а се докажува на патеката! 🏃‍♀️

Штафетната трка е посебен предизвик 👉 еден тим со четири различни енергии, но со силна подготовка и одлична стратегија за успешно да се истрчаат вкупно 42 километри.

Искра, Горан, Јована и Мартин ни ја открија нивната тактика и синергија. 💪

🎯 Заедничката цел пред секој рекорд.

„Кога се трча штафета, најважно е секој успешно да го заврши својот дел. За нас, успехот не се мери само во секунди и километри, туку во тоа сите да стигнеме на целта здрави, насмеани и задоволни од заедничкиот резултат.”

👏 Поддршката започнува многу пред стартната линија.

„На самата трка секој е сам на својата делница. Затоа, најголемата поддршка ја градиме деновите претходно, преку заеднички подготовки, мотивација и совети. А на денот на трката доволни се насмевките аплаузот во моментите на размена на штафетата.”

🤝 Тимската работа е нашата најдобра стратегија.

„За нас штафетата е многу повеќе од трчање. Таа е заедничко планирање, споделување искуство, меѓусебна поддршка и подготовка за секој предизвик. Токму затоа веруваме дека секој добар резултат започнува со силен тим.”

Нашите колеги уште еднаш покажуваат дека зад секој успех стојат посветеност, добра подготовка и тим кој секогаш е тука еден за друг. 💚

Се гледаме на 4 октомври на целта!

#ПолесноЕЗаедно
#КБТим

🔥 Септември станува Zipp-тември со Zipp.club   и носи ексклузивни попусти, награди и многу забава! 💚Ако си дел од Zipp C...
03/09/2026

🔥 Септември станува Zipp-тември со Zipp.club и носи ексклузивни попусти, награди и многу забава! 💚

Ако си дел од Zipp Club, сега имаш уште повеќе причини да излезеш, да се дружиш, да гледаш филмови, да пазариш и притоа да добиваш дополнителни бенефити. 😎

🎬 Уживај во дополнителни попусти и до 40 % кај дел од Zipp партнерите.

🎁 А ако сакаш награди, плаќај со твојата Zipp картичка и преку BonusBox собирај двојно повеќе поени, кои можеш да ги користиш за дополнителни поволности и изненадувања.

🎧 Забавата не застанува тука! Zipp-тември носи и цел месец дружби со многу изненадувања и подароци, доделување на наградите од Zipp наградната игра и голем Zipp пикник како финале на највозбудливиот месец во годината за младите. 🚀💚🎁🎶🌳

✨ Повеќе попусти. Повеќе поени. Повеќе забава. Повеќе причини да бидеш дел од Zipp Club. Види ги деталите на kb.mk или на Instagram профилот на Zipp Club.

Не си член? Придружи се и откриј зошто Zipp Club е многу повеќе од банкарски пакет. 🚀

Современо решение за плаќање сметки – кога тебе ти одговара. ✅Дигиталните киосци се наменети за брзо и едноставно плаќањ...
03/09/2026

Современо решение за плаќање сметки – кога тебе ти одговара. ✅

Дигиталните киосци се наменети за брзо и едноставно плаќање сметки за комунални услуги. ⏱️ И уште поважно – за да плаќаш сметки без провизија и без чекање на шалтер.

📍 Лоцирани се во 24/7 зони во бројни наши филијали и експозитури.

На дигитален киоск може во секое време да платиш сметки за ЕВН, ЕСМ–Снабдување, Телеком, А1 и Телекабел и со картичка од која било банка.

Брзо. Сигурно. И секогаш кога ти одговара. 🙌

Види го најблискиот дигитален киоск на следниот линк https://kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=digitalstore&filter=19&filter=20

Комерцијална банка обезбеди нова кредитна линија од 4 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР/European...
02/09/2026

Комерцијална банка обезбеди нова кредитна линија од 4 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР/European Bank for Reconstruction and Development (EBRD) за натамошна поддршка на зелените инвестиции во станбени згради и во јавниот сектор. 🤝

Кредитот е дел од програмата Western Balkans Green Economy Financing Facility III (WB GEFF III), а ќе биде наменет за финансирање проекти што ја подобруваат енергетската ефикасност на домовите, станбените згради и на јавниот сектор.

Преку оваа кредитна линија ќе поддржуваме инвестиции во:
✅ термичка изолација
✅ енергетски ефикасни прозорци и врати
✅ современи системи за греење и ладење
✅ топлински пумпи
✅ фотоволтаични системи и други зелени технологии

Кредитите се со атрактивни услови, максимален износ до 50.000 евра и рок на отплата до 20 години. Дополнителен бенефит е можноста за грант до 20% од вредноста на инвестицијата по успешна реализација на проектот.

✍️ Договорот за кредитот денеска го потпишаа Билјана Максимовска-Поповиќ, Главен директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, и Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР за Северна Македонија.

„Како една од водечките банки во земјата, Комерцијална банка продолжува активно да ги поддржува инвестициите што носат долгорочни придобивки за клиентите, економијата и за животната средина. Преку оваа кредитна линија, повторно ќе придонесеме за подобрување на енергетската ефикасност, за намалување на емисиите на штетни гасови и за зголемување на отпорноста на енергетските предизвици“, изјави Максимовска-Поповиќ по повод новиот кредит.

Ова е петта кредитна линија во рамките на програма GEFF што ја реализира Комерцијална банка, потврдувајќи ја својата долгогодишна посветеност на поддршката на инвестициите во енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и одржлив економски развој. 📊

Програмата се спроведува со силна поддршка од ЕУ, преку Заедничкиот европски фонд за Западен Балкан (European Western Balkans Joint Fund-EWBJF) и Рамката за инвестиции во Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework-WBIF). Дополнителната техничка соработка е поддржана од Фондот за соработка Јапонија-ЕБРД.

🌱 Заедно градиме поодржлива и енергетски ефикасна иднина.

#ПолесноЕЗаедно

🐿️📚 Верверичката повторно донесе насмевки и подароци за првачињата!Новата учебна година започна со многу радост, возбуда...
02/09/2026

🐿️📚 Верверичката повторно донесе насмевки и подароци за првачињата!

Новата учебна година започна со многу радост, возбуда и убави изненадувања. 🎒✨

Верверичката на Комерцијална банка ги израдува првачиња во училиштата во Кочани и во ООУ „Драга Стојановска“ во с. Ракотинци, Скопје со ранчиња полни со подароци.

Обезбедивме и донација за набавка на училишен прибор за првачињата во Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ во Скопје. 💚

Веруваме дека секое дете заслужува поддршка за успешен почеток, квалитетно образование и можност да ги следи своите соништа.

На сите првачиња им посакуваме многу нови знаења, другарства и незаборавни училишни денови! 🌟

#ПолесноЕЗаедно

📌 Комерцијална банка објавува оглас за вработување Соработник за односи со клиенти (Loan officer) во Секторот за кредити...
01/09/2026

📌 Комерцијална банка објавува оглас за вработување Соработник за односи со клиенти (Loan officer) во Секторот за кредитирање на стопанство. 📢

Доколку имаш желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, те поттикнуваме да аплицираш на следниот линк https://kb.mk/vrabotuvanje.nspx.

Искористи ја можноста да работиш во пријатна средина која ги цени твоите лични вредности, да ги оствариш твоите професионални цели и активно да учествуваш во модерниот развој на банката. 💚

#КБтим #ПолесноЕЗаедно

Кога светски уметник како Jose Carreras настапува со најголемите македонски музички имиња, тоа е повеќе од концерт. 🎶💫 Т...
01/09/2026

Кога светски уметник како Jose Carreras настапува со најголемите македонски музички имиња, тоа е повеќе од концерт. 🎶💫

Тоа е настан што ги слави културата, талентот и сѐ она што нè поврзува како општество. 👏

Како традиционален поддржувач на проекти со трајна вредност, Комерцијална банка со задоволство даде поддршка и за националната прослава „35 години независност“.

Да ја прославиме независноста и преку музиката што обединува. 💚

#ПолесноЕЗаедно

01/09/2026

🎒📚 Среќен прв училиштен ден, првачиња!

Годинава ве чекаат нови другарства, нови знаења и многу авантури. 🐿️ А нашата Верверичка ви порачува – бидете љубопитни и вредни, прашувајте, бидете паметни и градете добри навики! ⭐

Погледнете го видеото и започнете ја учебната година како вистински херои! 👏

Address

Улица Васил Иљоски бр. 3
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 17:00
Tuesday 08:00 - 17:00
Wednesday 08:00 - 17:00
Thursday 08:00 - 17:00
Friday 08:00 - 17:00
Saturday 09:00 - 12:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Комерцијална банка АД Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Комерцијална банка АД Скопје:

Shortcuts

Share

Category