28/01/2023
Денес во светот се одбележува Меѓународен ден на заштита на личните податоци.
Еден од најважните аспекти во денешното оперативно работење, воглавно и во финтек светот е заштитата на личните податоци на корисниците. Токму во таа насока сакаме да ги потенцираме важните аспекти од обработката на лични податоци која ја вршат финансиските друштва.
🔘Обработка – е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување,итн.
🔘Корисник – лице, кое користи, користело или изразило интерес да користи некоја од Услугите на финансиското друштво.
⚫️Лични податоци е каква било информација директно или индиректно поврзана со Корисникот или информации што можат да овозможат директно или индиректно идентификување на Корисникот.
🔲Кои се целите и правната основа за обработка на податоците?
🔘Главно, финансиските друштва ги обработуваат Вашите лични податоци за да Ви ги обезбедат своите Услуги и за извршување разни преддоговорни активности и проценки, за исполнување на договорот за Услугата и за раскинување. За таа цел, се обработуваат податоци што овозможуваат да Ве идентификуваат, да ги потврдат информациите што ги давате и да Ви понудат најсоодветна Услуга.
☑️За да Ви ги обезбедат своите услуги, постојат неколку проверки и проценки што согласно закон треба да се спроведат, како што се проценки на Вашата кредитна способност, кредитна историја и извори на приход. За да се направи усогласување со овие законски обврски, може да обработуваат различни податоци, што овозможува да Ве проценат како корисник, да се утврди Вашата кредитна способност, Вашите извори на приход, износот на другите парични обврски/долгови, долгови од минатото, како и за да се постапи согласно правилата за спречување на перење на пари. Кога е соодветно, проверка и проценка се врши и во случаи кога трето лице врши уплата во име и за сметка на корисникот.
☑️За соодветна комуникација со корисниците, за консултации, за решавање на сите прашања во врска со Услугите, финансиското друштво може да ги обработи Вашите лични податоци што веќе ги има (како што се Вашето име, информации за контакт и информации за Услугата што ја користите) и податоците што ги давате за време на комуникацијата.