По извршената анализа на осигурителниот пазар во Република Македонија од страна на реномирана осигурителна групација Виена Иншуренс Груп е донесен заклучок дека сега е вистинското време за започнување на основање на ново друштво за животно осигурување.
Постапката за основање започна во текот на 2010 година, за да на 17.12.2010 година, од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување е
издадена лиценцата на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје.
ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп АД Скопје е во 100% сопственост на VIENNA INSURANCE GROUP Wiener Städtische Versicherung AG, а со уплатата од основачкиот акционерски капитал од 3.000.000 ЕУР се стекнува со право за вршење на осигурување на живот, како и осигурување од последици на несреќен случај незгода.
Со работа официјално започнува со уписот во Централниот регистар на РМ на 28.01.2011 година.
Компанијата својата работа ја извршува согласно законските прописи и регулативи, преку мрежата на брокери и сопствени застапници, како и банки поради можноста за покривање на кредитите кои банките ги даваат на клиентите, токму со полиса за животно осигурување.
ВИНЕР ЛАЈФ исто како и ВИНЕР и останатите компании кои функционираат во рамките на групацијата се стреми кон стабилен, долгорочен и одржлив развој, базиран пред се’ на принципите на чесност, ориентираност кон клиентите, флексибилност, со креирање на постепени, но сигурни резултати кои несомнено гарантираат успех на компанијата, кој во исто време значи и успех за нашите клиенти.