Добредојдовте на службената страница на Еуролинк Осигурување АД Скопје, членка на групацијата ГРАВЕ. Вие избравте квалитет, безбедност, сигурност и децениска традиција на најдобрите понуди за осигурителни полиси.
Над 600 000 корисници на нашите услуги потврдуваат дека брзата и квалитетна услуга и навремено решавање на штетите се препознатлив знак и стратешка определба на Еуролинк осигурување.
Лојалниот тим на консултанти за осигурување достапни 24/7, секогаш прецизни и подготвени да помогнат со навремена услуга се печат на професионалниот пристап и одговорноста кон клиентите на Еуролинк.
Еуролинк е лидер во промоција на иновативни продукти и се етаблира на македонскиот осигурителен пазар со вреднуван имиџ на сигурна и стабилна компанија што ги исполнува своите ветувања. Со изборот на Еуролинк осигурување клиентите добиваат комплетна заштита за највредните нешта во животот.