Централен Депозитар за Хартии од Вредност

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Централен Депозитар за Хартии од Вредност

Централен Депозитар за Хартии од Вредност Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје - ЦДХВ АД Скопје

Oсновни функции:

водење регистар на хартиите од вредност;

давање меѓународен број за идентификација на хартиите од вредност (ISIN) за сите емисии на хартиите од вредност;

запишување на сопствениците на хартии од вредност;

порамнување на трговските трансакции според принципот испорака наспроти плаќање;

вршење на нетрговските преноси;

овозможување услови за позајмување на хартиите од вредност;

следење на финансиската состојба на неговите членки, со цел управување со ризикот поврзан со можно непорамнување на трговските трансакции и

вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.

На 20.07.2026 година во Централниот депозитар за хартии од вредност евидентирано е Акционерско Друштво Фудбалски Клуб ШК...
21/07/2026

На 20.07.2026 година во Централниот депозитар за хартии од вредност евидентирано е Акционерско Друштво Фудбалски Клуб ШКЕНДИЈА - АРАЧИНОВО 77 Арачиново со ЕМБС 7953453. Основната главнина на друштвото изнесува 25.000 ЕУР. Се состои од 250 обични акции со номинална вредност од 100 ЕУР за акција.

На ден 09.07.2026 година, согласно доставената документација од АКЦИОНЕРСКО  ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ЕУРОЛИНК  СКОПЈЕ и Р...
13/07/2026

На ден 09.07.2026 година, согласно доставената документација од АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ЕУРОЛИНК СКОПЈЕ и Решението на Комисијата за хартии од вредност број УП1 10-109 од 12.06.2026 за издавање на 2-ра емисија долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда, извршено е зголемување на основната главнина на друштвото преку емисија на 5.850 обични акции со номинална вредност од 1.000 ЕУР на една акција. Основната главнина на друштвото по зголемувањето изнесува 9.050.000 ЕУР и се состои од 9.050 обични акции со номинална вредност од 1.000 ЕУР за акција.

На ден 06.07.2026 година, согласно доставената документација од Акционерско друштво за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Бито...
07/07/2026

На ден 06.07.2026 година, согласно доставената документација од Акционерско друштво за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Битола и Решението на Комисијата за хартии од вредност број УП1 10-116 од 19.06.2026 за издавање на 2-ра емисија долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда, извршено е зголемување на основната главнина на друштвото преку емисија на 26.000 обични акции со номинална вредност од 50 ЕУР на една акција. Основната главнина на друштвото по зголемувањето изнесува 4.300.000 ЕУР и се состои од 86.000 обични акции со номинална вредност од 50 ЕУР за акција.

Последен поздрав до почитуваниот г-дин Кирил Митровски, од Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Г-дин ...
30/06/2026

Последен поздрав до почитуваниот г-дин Кирил Митровски, од Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Г-дин Митровски беше една деценија претседател на Управниот одбор и Одборот на директори на ЦДХВ АД Скопје.
Ќе остане запаметен како истакнат брокер, одличен колега и соработник и врвен професионалец.

Изразуваме искрено сочувство до семејството и блиските, нека почива во мир.

На ден 20.05.2026 година, согласно доставената документација од ХАЛК БАНКА  АД – СКОПЈЕ и Решението на Комисијата за хар...
21/05/2026

На ден 20.05.2026 година, согласно доставената документација од ХАЛК БАНКА АД – СКОПЈЕ и Решението на Комисијата за хартии од вредност број УП1 10-77 од 16.04.2026 за издавање на 22-ра емисија долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда, извршено е зголемување на основната главнина на друштвото преку емисија на 246.000 обични акции со номинална вредност од 10.000 МКД на една акција. Основната главнина на друштвото по зголемувањето изнесува 16.536.910.000 МКД и се состои од 1.653.691 обични акции со номинална вредност од 10.000 МКД за акција.

На ден 16.04.2026 година, согласно доставената документација од Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензи...
17/04/2026

На ден 16.04.2026 година, согласно доставената документација од Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ и Решението на Комисијата за хартии од вредност број УП1 10-67 од 12.03.2026 за давање одобрение за издавање на 5-та емисија долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда, извршено е зголемување на основната главнина на друштвото преку емисија на 20.000 обични акции со номинална вредност од 50 ЕУР на една акција. Основната главнина на друштвото по зголемувањето изнесува 8.356.000 ЕУР и се состои од 167.120 обични акции со номинална вредност од 50 ЕУР за акција.

Честитки по повод 30 години Македонска берза 🥂🎊👏🎉Синоќа имавме чест да присуствуваме на одбележувањето на значајниот јуб...
01/04/2026

Честитки по повод 30 години Македонска берза 🥂🎊👏

🎉Синоќа имавме чест да присуствуваме на одбележувањето на значајниот јубилеј – 30 години од првото тргување на Македонската берза, настан кој достоинствено ја одрази важноста на институцијата и нејзината улога во развојот на пазарот на капитал во Република Северна Македонија.
Во духот на одбележувањето, беше истакнато дека успехот на Берзата е резултат на заедничките напори на сите генерации вработени, членови на управните органи – поранешни и сегашни, како и на сите учесници на пазарот. Доделувањето на признанија и плакети беше уште една потврда за континуитетот, посветеноста и професионализмот што ја одбележуваат нејзината работа. 🏛️
Македонската берза, формирана во период на економска транзиција, претставува една од клучните институции во градењето на современиот финансиски систем во државата. Нејзината улога одамна ја надминува рамката на финансискиот сектор – таа е важен двигател на економскиот развој, транспарентноста и довербата во пазарните процеси.
Централниот депозитар за хартии од вредност и Македонската берза се партнери уште од основањето на Депозитарот, со долгогодишна соработка која се темели на заедничка визија за развој и унапредување на пазарната инфраструктура. Во изминатите години, ова партнерство се продлабочи преку заеднички развојни проекти, а денес Берзата е и најголем акционер во Депозитарот – што претставува дополнителна потврда за меѓусебната доверба и поврзаност.
Со искрени честитки за постигнатото во изминатите три децении и со желби за уште поголеми успеси во иднина 📈🤝

Macedonian Stock Exchange

На 30.03.2026 година во Централниот депозитар за хартии од вредност евидентиран е Акционерско друштво за управување со п...
31/03/2026

На 30.03.2026 година во Централниот депозитар за хартии од вредност евидентиран е Акционерско друштво за управување со приватни инвестициски фондови ГЕНЕЗИС ЕКВИТИ ПАРТНЕРС АД Скопје со ЕМБС 7916680. Основната главнина на друштвото изнесува 50.000 ЕУР. Се состои од 35.000 обични акции со номинална вредност од 1 ЕУР за акција и 15.000 приоритетни кумулативни акции со номинална вредност од 1 ЕУР за акција.

На ден 05.03.2026 година, согласно доставената документација од Акционерско друштво Водостопанство на Република Македони...
09/03/2026

На ден 05.03.2026 година, согласно доставената документација од Акционерско друштво Водостопанство на Република Македонија во државна сопственост Скопје и Решението на Комисијата за хартии од вредност број УП1 10-5 од 16.02.2026 за давање одобрение за издавање на 4-та емисија долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда, извршено е зголемување на основната главнина на друштвото преку емисија на 100.000 обични акции со номинална вредност од 1.000 МКД на една акција. Основната главнина на друштвото по зголемувањето изнесува 229.150.000 МКД и се состои од 229.150 обични акции со номинална вредност од 1.000 МКД за акција.

На ден 23.12.2025 година, согласно доставената документација од КАПИТАЛ  БАНКА АД СКОПЈЕ и Решението на Комисијата за ха...
23/12/2025

На ден 23.12.2025 година, согласно доставената документација од КАПИТАЛ БАНКА АД СКОПЈЕ и Решението на Комисијата за хартии од вредност УП1 број 10-82 од 16.10.2025 за давање одобрение за издавање на 7-ма емисија долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда, извршено е зголемување на основната главнина на друштвото преку емисија на 5.628 обични акции со номинална вредност од 177,71 ЕУР на една акција. Основната главнина на друштвото по зголемувањето изнесува 10.696.009,48 ЕУР и се состои од 60.188 обични акции со номинална вредност од 177,71 за акција.

Address

Кузман Јосифовски Питу 1
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 09:00 - 16:00

Telephone

+38923299800

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Централен Депозитар за Хартии од Вредност posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Централен Депозитар за Хартии од Вредност:

Shortcuts

Share