Tabularius DOOEL Skopje

Tabularius DOOEL Skopje Друштво за сметководствени услуги и консалтинг Табулариус ДООЕЛ Скопје

Табулариус ДООЕЛ е компанија која работи во областа на сметководството, ориентирана кон градење долгорочни деловни односи засновани на меѓусебна доверба и разбирање со своите клиенти. Табулариус ДООЕЛ со својата стручност,искуство и практично знаење Ви овозможува да се потпрете на партнер во кој може да имате доверба.

🎉 Среќна 13-годишнина! Нека секоја следна година донесе уште повеќе успех, задоволни клиенти и тимска енергија што инспи...
12/11/2025

🎉 Среќна 13-годишнина! Нека секоја следна година донесе уште повеќе успех, задоволни клиенти и тимска енергија што инспирира!
Radevska Nade

13/11/2022

🥳🍻🍾

🎄
10/12/2018

🎄

06/07/2018

Последните измени и дополнувања во Законот за работните односи се објавија во Службен весник на РМ бр. 120/18 и ќе влезат во сила на 07.07.2018 год.

Новите законски решенија се:

- намалување на времетраењето на рокот за пријавување на јавниот оглас, од 5 работни дена на 3 работни дена со што ќе се подобри рангот на Република Македонија во деловното опкружување (Doing Business);

- времетраењето на пробната работа нема да биде подолго од 4 месеци;

- пред откажување на договорот за вработување од лична причина на страна на работникот, работодавачот ќе мора писмено да го предупреди работникот за неисполнување на обврските и можноста за отказ во случај работникот да не го подобри своето работење во рок од 15 дена од приемот на предупредувањето;

- ако работодавачот го откаже договорот за вработување поради деловни причини, нема да може за истите работи, со иста стручна подготовка и занимање да вработи друг работник, во рок од 2 години од денот на престанокот на работниот однос;

- зголемување на износот на испратнитата за откажување на договорот за вработување од деловни причини;

- се прецизира рокот за поднесување писмена изјава за продолжување на договорот за вработување поради возраст на работникот;

- се зголемува процентот за исплата на приправниците од 40% на 70% од основната плата на работното место за кое се оспособува;

- на работниците кои работат ноќно време ако не им се обезбедува храна ќе им се исплаќа надоместок на трошоци за храна во висина од 20% од просечната нето плата по работник исплатена во РМ во претходната година, сразмерно за деновите кога работникот работи ноќе;

- користењето на годишниот одмор се утврдува на 2 непрекинати работни недели.

05/07/2018

Во новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам кој е објавен во „Службен Веник на РМ“ број 120/18 во член 48 e пропишано дека почнувајќи од 07 Јули 2018 година, се забранува плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 2.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Во член 182 од Законот е пропишано дека почнувајќи од 01 Јануари 2019 година износот на забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги од членот 48 се намалува на 1.000 евра а од 1 јуни 2019 година на износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност.

Во однос на примената на забраната за готовински плаќања, контрола над правните и физичките лица врши Управата за јавни приходи во согласност со своите надлежности.

Извор: www.rafajlovski.com.mk

23/05/2018

Право на регрес за годишен одмор (К-15)

Според последните измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството од 14.07.2015 година предвидено е Регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата.
Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината што значи до крајот на годината сите работници кои го исполнуваат условот за регрес на годишен одмор треба да им биде исплатен од страна на работодавачот, во спротивно се пропишани високи казни. Износот на регресот се утврдува според основицата на платата која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата.

Кај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна предходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор.

https://www.pravdiko.mk

22/05/2018

Правото на годишен одмор е загарантирано со Уставот

Правото на платен годишен одмор е уставно загарантирано право (согласно член 32 став 4 од Уставот на Република Македонија). Уставот на Република Македонија става посебен акцент на неприкосновеноста на правото на одмор, со определбата дека од ова право вработениот не може да се откаже.

Доследно на ова, евентуална изјава со која вработениот би се откажал од правото на годишен одмор, односно од правото на паричен надомест за годишен одмор (што му следува доколку не го искористи) , во правна смисла е ништовна, а тоа значи не произведува правно дејство. Со други зборови –секоја изјава што би ја потпишале дека се откажувате од годишен одмор или од правото да бидете платени – нема да важи на суд. Истото се однесува и за евентуална спогодба меѓу работодавачот и работникот.

Минимално и максимално траење на годишен одмор
Работникот има право од платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена, со тоа што со колективен договор или договор за вработување годишниот одмор може да се продолжи најмногу до 26 дена. Тоа значи дека иако во договорот за вработување не е внесена посебна клаузула за годишен одмор, според важечките Колективни договори и за приватниот и за јавниот сектор кои се однесуваат на сите компании, независно дали се или не се негови потписници законскиот минимум за годишен одмор е 20 работни дена, а максимумот е 26 работни дена.

Повозрасен работник, инвалид, работник со најмалку 60% телесно оштетување и работник кој негува и чува дете со телесен или душевен недостаток има право на уште три работни дена годишен одмор. Работодавачот е должен на работникот да му издаде решение за правото на користење на годишен одмор.

Годишен одмор со скратено работно време
Работникот кој е пријавен со скратено работно време има право на годишен одмор со минимално времетраење од 10 работни дена

Користење на годишниот одмор
Според Законот годишниот одмор може да се користи во повеќе делови во договор со работодавачот, со тоа што еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели.

Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди искористување на 12 работни дена годишен одмор до крајот на тековната календарска година, а остатокот до 30 јуни идната година. Годишниот одмор кој што не бил искористен во тековната календарска година заради отсутност поради боледување или повреда, породилен одмор или одмор за нега и чување на дете, работникот има право да го искористи до 30 јуни идната календарска година.

Исто така работникот има право два дена од годишниот одмор да ги искористи во денови коишто самиот ќе ги определи, ако тоа посериозно не го загрозува работниот процес, за што мора да го извести работодавачот најдоцна три работни дена пред користењето

Во годишен одмор не се пресметуваат:
Како други случаи на оправдано отсуство од работа што не се пресметуваат во годишен одмор се и деновите на платено отсуство (поради смртен случај, полагање на стручен испит за потребите на работодавачот, елементарни несреќи и сл.) , како и неплатено отсуство до три месеци во календарската година ( селидба и други приватни потреби).

Доколку се случи боледување за време на годишниот одмор работникот нема право да го продолжи одморот. Според ЗРО како ден на годишен одмор се смета секој ден на конкретниот работник одреден според распоредот на работното време кај работодавачот. Со други зборови ако во неделата работникот има 4 работни дена и три слободни во годишниот одмор се пресметуваат само 4 работни дена неделно.

Право на цел годишен одмор
Работникот кој за прв пат заснова работен однос (воопшто, не кај конкретниот работодавач) се стекнува со право на користење цел годишен одмор (од 20 до 26 работни дена) кога ќе оствари непрекината работа од најмалку 6 месеци, независно дали работи полно работно време или пократко. При тоа мора да се знае дека работниците, во случај на прво вработување, кои се пријавени на определено работно време кое е помало од 6 месеци формално правно немаат право на користење на цел годишен одмор, затоа што во тие 6 месеци биле пријавувани и одјавувани, без разлика што се работи за ист работодавач и помеѓу пријавувањето нема пауза. Тие имаат право на користење на пропорционален дел од годишниот одмор и тоа по два работни дена од секој месец работа.

Префрлување на цел одмор
Доколку во календарска година работникот не бил во можност да го искористи одморот за таа година поради: боледување или повреда, породилно отсуство или нега и чување на дете – може неискористениот одмор целосно да го искористи во наредната година, но само до 30 јуни.

https://www.pravdiko.mk

21/05/2018

ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА – УКИНУВАЊЕ НА НОРМИРАН УЧИНОК

Уставниот суд на Република Македонија ја разгледа уставноста на член 2 став 1 и член 7-б ставови 1 и 3 од Законот за минимална плата во РМ (“Сл. весник на РМ” бр. 11/12...132/17 - Законот), кои се однесуваат на нормираниот учинок како предуслов за остварување на правото на минимална плата.

Во член 2 став 1 од Законот е предвидена обврската на работодавачот да му исплати на работникот минимална плата, за извршена работа со полно работно време и нормиран учинок. Уставниот суд на РМ оцени дека нормираниот учинок како предуслов за остварување на правото за добивање на минимална плата е спротивно на членот 8 став 1 алинеа 3 и член 9 од Уставот на Република Македонија (“Сл. весник на РМ” бр. 52/91...49/11), со кои се наложува владеење на правото како една од темелните вредности на уставниот поредок на РM. Согласно уставот, граѓаните во Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уредување, имотната и општествената положба. Според наведеното, Уставниот суд на РМ донесе заклучок дека платата формирана на основа на исполнување на нормиран учинок утврден од работодавачот нема статус на законски утврдена минимална основна плата на работникот што е определено како предмет на Законот за минимална плата во РМ.

Со одлуката на Уставниот суд, се укинува обврската за определување на нормиран учинок и истовремено се укинуваат глобите кои беа пропишани за неисполнување на соодветните обврски. Измените стапија во сила на 10 мај 2018 год.

11/05/2018
09/02/2018

Се да заборавиш, ама данок не! - Поднесување на годишна даночна пријава до 15-ти март

За повеќе информации преземете ја Брошурата „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/2).

Задолжително поднесете Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП), доколку во 2017 година сте оствариле приходи во земјата и од странство по основ на: награди, бонуси и други надоместоци од работен однос;кирии (издавање на имот - закуп или подзакуп); авторски права и права од индустриска сопственост; дивиденди, учество во добивката и камати по заеми дадени на физички и правни лица; капитални добивки од продажба на учество во капитал и недвижен имот; добивки од лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа, во износ поголем од 5.000 денари (по поединечна добивка); приходи од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страници; приходи од интернет (пр. е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни, поставување на реклами на сопствени интернет страни, прогнози - дојави на типови за спортски натпревари); лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија; работно ангажирање во амбасада, во меѓународна организација...; и други дополнителни видови на приходи, надвор од вашата редовна плата или пензија. Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП) преземете ја преку веб страницата ujp.gov.mk и поднесете ја во даночните шалтери, преку пошта или електронски преку etax-fl.ujp.gov.mk

Преземено од www.isos.com.mk

Address

Улица Бул. 3-та Македонска Бригада бр. 9
Skopje

Opening Hours

Monday 08:00 - 20:00
Tuesday 08:00 - 20:00
Wednesday 08:00 - 20:00
Thursday 08:00 - 20:00
Friday 08:00 - 20:00
Saturday 08:00 - 20:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Tabularius DOOEL Skopje posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Tabularius DOOEL Skopje:

Share