Шпаркасе Банка е членка на австриската групација "Steiermaerkische Bank und Sparkassen" Graz, која претставува една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа. Групацијата опслужува повеќе од 2 милиона клиенти и околу 500 експозитури. Во Македонија групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе лизинг. Овие компании овозможуваат избор на широка палета н
а банкарски, лизинг и брокерски услуги.
Визија на Банката:
Да бидеме најдобар избор за клиентите. Да ја поддржуваме економијата и заедницата. Да создаваме подобра иднина.
Мисија на Банката:
Со посветен и експертски тим, градиме доверба и долгорочно партнерство препознавајќи ги потребите на секој клиент – банка која ги исполнува очекувањата, ги почитува различностите и има еднаков третман за сите. Одговорното банкарско работење и стабилноста се наш приоритет. Иновативноста и агилноста се наша движечка сила.
Нашата работа ја базираме на следните вредности:
Партнерство, значи поддршка – таа што ја добиваш и таа што ја даваш.
Страст - кога работиш со голема љубов и кога страста те води, растот и резултатите се неизбежни.
Извонредност – биди најдобрата верзија од себе. Биди извонреден.
Доверба – однесувај се со другите онака како што сакаш да се однесуваат со тебе.
Агилност- способност за брзо и лесно движење низ промените
Успехот на своите клиенти, вработени и придонес во општествената заедница е наша одговорност!
Со почит,
Шпаркасе Банка АД Скопје