20/07/2016
Deni Apostolov
Вовед – Овој проект за своја целна група ги има младите до 28 години. Затоа, целата реклама ќе се осврнува на тоа што на младите парови им е најважно во нивната љубовна врска – годишнината.
Како и секогаш, колку што и жените внимаваат на датуми, почеток на првата љубовна романса, првиот бакнеж, во оваа реклама ќе ставиме фокус на мажите, кои, исто така, паметат датуми на родендени, годишнини и итн. Започнуваме. Се ближи годишнината, дечкото е узбезумен што да и подари на својата девојка. Се советува со другарите, шета по продвавници, знааејќи дека ја има „ТОПСИ“- специјалата ID картица со попусти. Картицата се појавува во неколку наврати, во текот на купувањето. Од еден бутик во друг. Фокусот останува на тоа дека картицата нуди поволности. До “гламурозната“ датта се ближат деновите. Па така, како и секој залубен пар, во нокните излегување, дечкото останува без пари и во моментот мора да оди до АТМ да извади некој денар. А, е излезен со девојката на која што треба да и го подари она што и го купил. Оди накај АТМ-от, ја става ТОПСИ картичката, бидејќи во моментот нема пристап до компјутер и интернет, па за да може да ја искористи i-bank услугата на Стопанска Банка. Стигаат пред банкоматот, дечкото ја става картичката, ја впишува својата лозинка , и одеднаш банкомато го прашува.
- Господине, Дали сте задоволни од купувањето со попусти?
- Дечкото ( вчашен поглед, еднократно кон девојката и повторно кај банкоматот)
- Девојката – Што се случува, за какво купување станува збор?
- Момчето – Искрено, врска немам што зборува овој? Што се случува?
- Банкоматот – Ми се допаѓа вашиот избор на парфем. Со сигурност е за некоја посебна пригода, на пример годишнина. Поправете ме ако грешам.
- Момчето останува без зборови.
- Девојката – Ти се сети на нашата годишнина ( возбудувачки реакции, скокање, викање)
• Момчето, вади пари, ја откриваат неговата мисија и заминуваат.
• Сагата продолжува. Во друга ситуација АТМ-от повторно разговара со своите млади клиенти. Младите остануваат замислени, мислат дека некој ги зафркава или,пак, е дел од некое телевизиско шоу.
- Во целото ова сценарио, сакаме да покажеме дека Стопанска Банка АД Скопје, е во (не)прекината врска со своите клиенти, и дека оваа банка ги знае потребите и сите тајни на своите потрошувачи.