20/04/2026
Добрите односи меѓу Македонија и Унгарија се „плетеа“ подолго време. „Соработката“ околу државниот телеком е една од темите на која страните наоѓаа длабоко разбирање.
По повеќе од декада правосудна „турнеја“, случајот не доби разрешница во Македонија. Разрешница не доби ниту отворената предистрага за македонските политичари во случајов.
Во 2017-та, поранешните директори на „Маѓар телеком“, Елег Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Морваи се спогодија со Американската комисија за хартии од вредност.
Платија високи парични казни и добија забрана да вршат дејност поради тоа што подмитиле македонски владини функционери во периодот од 2004 до 2006 година, со 7,5 милиони евра, за да ја одложат либерализацијата на телекомуникацискиот пазар. Компанијата плати парична казна.
Прочитајте го текстот од пред 3 години: https://prizma.mk/zastare-i-magar-telekom-koj-se-sudeshe-12-godini/