Народна банка на Република Северна Македонија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Народна банка на Република Северна Македонија

Народна банка на Република Северна Македонија Официјална страница на Народната банка на Република Северна Македонија.

Народна банка на Република Северна Македонија (Народната банка) е централна и емисиона банка на Република Северна Македонија.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Согласнo со Законот за Народната банка на Република Македонија, основна цел на Народната банка е постигнување и одржување на ценовната стабилност.

Друга цел на Народната банка, којашто ѝ е подредена на основната цел, е да придонесува кон одржување на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем.

Народната банка ја поддржува општата економска политика без да го загрози остварувањето на основната цел и во согласност со принципот на отворена пазарна економија со слободна конкуренција.

За остварувањето на предвидените цели, Народната банка ги врши следниве задачи:

- ја утврдува и ја спроведува монетарната политика;

- учествува во определување на режимот на девизниот курс;

- ја утврдува и ја спроведува политиката на девизниот курс;

- ги чува и управува со девизните резерви;

- ги издава и управува со книжните и кованите пари на Република Северна Македонија;

- ги евидентира и ги следи кредитните операции со странство и го изготвува платниот биланс на Република Северна Македонија;

- прибира и изготвува статистички податоци заради извршувањето на задачите согласно со закон;

- воспоставува, развива, регистрира и врши надзор над сигурноста, стабилноста и над ефикасноста на системите за плаќање, порамнување и клиринг;

- регулира, издава дозволи и врши супервизија на банки, штедилници, друштва за издавање електронски пари и на други финансиски институции на начинот утврден со овој или друг закон;

- врши надзор над примената на прописите со кои се уредува девизното работење, менувачкото работење, вршењето услуги на брз трансфер на пари, системите за спречување на перење пари и заштита на потрошувачите, во согласност со овој или друг закон;

- врши работи на фискален агент на Владата на Република Северна Македонија;

- учествува во меѓународни институции и организации во врска со прашања коишто се во нејзина надлежност;

- организира тргување и порамнување на хартии од вредност на пазарите преку шалтер и

- врши други активности во врска со извршувањето на нејзините задачи во согласност со Законот за Народната банка на Република Македонија и друг закон.

Оваа страница е еден од каналите на комуникација на Народната банка со јавноста, преку коишто се информира за тековното работење и за остварувањето на целите и задачите, како и за оцените и ставовите на институцијата. Преку страницата може да се постават прашања и да се упатат коментари на коишто навремено ќе биде одговорено, во рамки на надлежностите на Народната банка.

На страницата не се дозволени објави и коментари коишто содржат навреда на лична, етничка или каква било друга основа, објави и коментари со политичка содржина, како и објави и коментари со неточни информации.

👉Новата вицегувернерка на Народната банка даде свечена изјава📌Арлинда Хасани Синани денеска даде свечена изјава пред пре...
07/09/2026

👉Новата вицегувернерка на Народната банка даде свечена изјава

📌Арлинда Хасани Синани денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието.

👆Арлинда Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор, стекнато на стручни и раководни позиции во областа на кредитирањето, управувањето со ризиците и деловното банкарство. Нејзиното професионално искуство опфаќа и области поврзани со регулаторната и супервизорската рамка, управувањето со ризиците и корпоративното управување, како и учество во повеќе органи и комитети во рамките на банкарските институции.

📌Со нејзиното именување, Народната банка го зајакнува својот професионален и институционален капацитет, со цел непречено и ефикасно остварување на своите законски цели и надлежности.

ℹ️ Нова, 59 сесија на Клубот на истражувачите📅 Сесијата ќе се одржи на 28 септември 2026 година (понеделник), во простор...
07/09/2026

ℹ️ Нова, 59 сесија на Клубот на истражувачите

📅 Сесијата ќе се одржи на 28 септември 2026 година (понеделник), во просториите на Народната банка.

Доколку сакате да презентирате Ваш труд, Ве покануваме да се пријавите најдоцна до 18 септември 2026 година, со доставување на материјалот на: 🔽
[email protected]

Клубот на истражувачите е отворена платформа на Народната банка, за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во клубот е од отворен карактер.

Прочитајте повеќе за Клубот на истражувачите на: 🔽

https://www.nbrm.mk/klub_na_istrazhuvachi.nspx

#НароднаБанка #КлубНаИстражувачите

👉Гувернерот Славески на конференција во Црна Гора: Независноста на Народната банка е клучот за зачувувањето на довербата...
07/09/2026

👉Гувернерот Славески на конференција во Црна Гора: Независноста на Народната банка е клучот за зачувувањето на довербата и финансиската стабилност

📌„Независноста на Народната банка е клучот за задржувањето на високото ниво на доверба и кредибилитет што институцијата го ужива во јавноста, особено во услови на зголемена неизвесност и високи ризици“, истакна гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, на високата конференција „Централното банкарство во услови на високи ризици: стабилност, инфраструктура и доверба“, организирана од Централната банка на Црна Гора по повод 25-годишнината од нејзиното основање.

📌Говорејќи за предизвиците со кои се соочуваат централните банки, гувернерот посочи дека последните кризи и геополитичките тензии покажаа колку се важни кредибилните политики, транспарентноста и јасната комуникација со јавноста. Тие се од суштинско значење за закотвувањето на инфлациските очекувања, стабилизирањето на финансиските пазари и за ефикасното спроведување на монетарната политика. Тој нагласи дека ова е особено важно за малите и отворени економии, какви што се земјите од Западен Балкан, коишто се особено изложени на светските економски и геополитички случувања. Затоа, централните банки треба постојано да ја зајакнуваат својата отпорност, институционалниот кредибилитет и способноста за навремено и ефикасно справување со новите ризици.

🔗: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-07092026.nspx

👉Гувернерот Славески на средба со претставници на Амбасадата на САД👆Гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствар...
03/09/2026

👉Гувернерот Славески на средба со претставници на Амбасадата на САД

👆Гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари средба со претставниците на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Бредли Гарднер, шеф на Политичко-економскиот сектор, Барнабас Биркеланд, економски аташе, и Јордан Дамчевски, виш економист во Амбасадата на САД во земјава. На средбата присуствуваше и вицегувернерката Ана Митреска.

📌На средбата беа разменети мислења за актуелните економски состојби и очекувањата за македонската економија, како и за тековните светски и регионални економски движења и нивното влијание врз домашната економија.

🔗: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-03092026.nspx

👉Собранието ја именуваше Арлинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка👆На предлог на гувернерот на Народнат...
02/09/2026

👉Собранието ја именуваше Арлинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка

👆На предлог на гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, Собранието ја именуваше Арлинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, со мандат од седум години.

📌Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор, стекнато на стручни и раководни позиции во областа на кредитирањето, управувањето со ризиците и деловното банкарство.

👆Во текот на својата кариера има извршувано повеќе раководни функции во „Прокредит банка“ АД Скопје и „Стопанска банка“ АД Скопје, каде што од 2023 година ја извршувала функцијата регионален директор за Северозападниот Регион.

📌Нејзиното професионално искуство опфаќа и области поврзани со регулативната и супервизорската рамка, управувањето со ризиците и корпоративното управување, како и учество во повеќе органи и комитети во рамките на банкарските институции.

❗Со изборот на Арлинда Хасани Синани за вицегувернерка се зајакнува професионалниот капацитет на Народната банка и се обезбедува непречено остварување на нејзините законски цели и надлежности, заради одржување стабилен и сигурен финансиски систем и поддршка на одржливиот економски развој.

https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-02092026-1.nspx

👉Вицегувернерот Величковски од Светскиот форум на АФИ: Модернизација на платниот систем заради унапредување на финансиск...
02/09/2026

👉Вицегувернерот Величковски од Светскиот форум на АФИ: Модернизација на платниот систем заради унапредување на финансиската вклученост

📌„Во изминатите неколку години Народната банка спроведе значајни реформи во областа на платежните услуги и платните системи, со кои ја зголемивме конкуренцијата, ја унапредивме заштитата на потрошувачите и ја зајакнавме сигурноста на плаќањата“, истакна вицегувернерот на Народната банка Игор Величковски на состанокот на Иницијативата за политики за Источна Европа и Централна Азија (ECAPI), одржан во рамките на Светскиот форум за политики на Алијансата за финансиска вклученост (AFI Global Policy Forum), којшто се одржува во Порт Морзби.

🔗: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-02092026.nspx

🎒 Среќен почеток на новата учебна година!На сите ученици им посакуваме успешна учебна година! 📚✨Со почетокот на учебната...
01/09/2026

🎒 Среќен почеток на новата учебна година!

На сите ученици им посакуваме успешна учебна година! 📚✨

Со почетокот на учебната година, Народната банка продолжува со предавањата за финансиска едукација наменети за учениците од основните и средните училишта. 👩🏫

📩 За да се закаже предавање, наставниците од средните и основните училишта треба да го пополнат формуларот којшто може да го најдат на страницата за финансиска едукација на Народната банка https://www.nbrm.mk/finansiska-edukacija.nspx и да го достават на е-адресата [email protected]

Да им помогнеме на младите да ги стекнат знаењата и вештините потребни за носење одговорни финансиски одлуки! 💡

👉Во вториот квартал од 2026 година, во тековните трансакции со нерезидентите е остварен дефицит од 266 милиони евра, как...
31/08/2026

👉Во вториот квартал од 2026 година, во тековните трансакции со нерезидентите е остварен дефицит од 266 милиони евра, како резултат на дефицитот во стоковната размена и кај салдото на примарниот доход.

👉Кај финансиските трансакции со нерезидентите се остварени нето-приливи од 304,6 милиони евра. Нето-приливи се остварени кај заемите (427,8 милиони евра), трговските кредити (88,8 милиони евра) и директните инвестиции (18,7 милиони евра), додека нето одливи се забележани кај валутите и депозитите (271,6 милиони евра) и портфолио-инвестициите (196,3 милиони евра).

🔎 „НБСтат“
http://nbstat.nbrm.mk/
#НароднаБанка #Статистика

👉Одржана седница на Советот на Народната банка❗Разгледани најновите макроекономски показатели − ефекти врз поставеноста ...
31/08/2026

👉Одржана седница на Советот на Народната банка

❗Разгледани најновите макроекономски показатели − ефекти врз поставеноста на монетарната политика

👆Советот на Народната банка ги разгледа најновите макроекономски показатели, според кои домашната економија и натаму покажува отпорност во услови на неизвесно надворешно окружување, а најновите показатели за домашната економска активност засега се малку поповолни.

📌Расположливите високофреквентни податоци на страната на понудата упатуваат на забрзување на економскиот раст во вториот квартал, при силен раст на градежништвото, раст на индустриското производство и реалниот промет во угостителството и при стабилни движења кај вкупната трговија. Инфлацијата забавува и е во рамките на очекувањата на Народната банка. Ризиците од надворешното окружување и натаму се оценуваат како неповолни.

🔗: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-31082026.nspx

📌 Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): втор квартал на 2026 година📊 Вкупните средства на остан...
31/08/2026

📌 Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): втор квартал на 2026 година

📊 Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во вториот квартал на 2026 година, достигнаа ниво од 336.361 милиони денари и се зголемени за 22.693 милиони денари, на квартално ниво. Останатите финансиски институции учествуваат со 23,3% во средствата на финансиските институции. Најголемо учество во вкупните средства на ОФИ имаат пензиските фондови со 63,7%, по што следуваат осигурителните друштва со учество од 13,5%.

Најзначајни инструменти на страната на средствата на ОФИ се вложувањата во должнички и сопственички хартии од вредност (учество од 49,3% и 28,5%, соодветно). Гледано на страната на обврските, најголемиот дел им припаѓа на техничките резерви на осигурувањето и на капиталните сметки (учество од 49,4% и 40,4%, соодветно).

Најновото соопштение за позначајните движења кај ОФИ е достапно на следната врска:
https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/OFI/2026/Soopstenie_za_pecat_OFI_Q2_2026_mk.pdf

🔎„НБСтат“
http://nbstat.nbrm.mk/

#НароднаБанка #Статистика

❗ НАПОМЕНА: Во останатите финансиски институции се вклучени: инвестициските фондови, пензиските фондови, осигурителните друштва, друштвата за управување со инвестициските фондови и друштвата за управување со пензиските фондови, финансиските друштва и друштвата даватели на финансиски лизинг.

Address

БУлица „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 1
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 17:00
Tuesday 08:00 - 17:00
Wednesday 08:00 - 17:00
Thursday 08:00 - 17:00
Friday 08:00 - 17:00

Telephone

+38923108108

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Народна банка на Република Северна Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Народна банка на Република Северна Македонија:

Shortcuts

Share

Category