TTK BANKA AD SKOPJE

TTK BANKA AD SKOPJE ТТК БАНКА АД Скопје

Почитувани,Ве известуваме дека за време на претстојниот празник - ,,Успение на Пресвета Богородица'' – Голема Богородица...
27/08/2026

Почитувани,

Ве известуваме дека за време на претстојниот празник - ,,Успение на Пресвета Богородица'' – Голема Богородица, на 28 август 2026 година (петок) ќе работат следните филијали/експозитури на ТТК Банка АД Скопје:

- Филијала Тетово, лоцирана на бул. „Илинденска“ бр. 2б, Тетово 08:00-16:00 часот
- Експозитура Куманово 1, лоцирана на ул. „ЈНА“ бр.102, Куманово 08:30-16:30 часот
- Експозитура Дебар, лоцирана на ул. „ 8 септември“ бр.16, Дебар 08:00-16:00 часот

Во секое време на ваше располагање се услугите достапни преку мобилното банкарство TTK M-bank, електронското банкарство TTK E-bank, а за подигнување и уплата на готовина достапна ви е мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

Со почит,
ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка понуди корпоративни обврзници со фиксна каматна стапка од 4,75% годишно Инвеститорите имаат можност да запишат...
14/08/2026

ТТК Банка понуди корпоративни обврзници со фиксна каматна стапка од 4,75% годишно

Инвеститорите имаат можност да запишат корпоративни обврзници од четвртата емисија на ТТК Банка АД Скопје, со фиксна каматна стапка од 4,75% годишно и рок на достасување од шест години.

Јавната понуда опфаќа 1.500 обврзници, со номинална и продажна вредност од 1.000 евра по обврзница, во денарска противвредност.

Запишувањето започна на 12 август, а налозите може да се доставуваат до 12 ноември, по принципот „фиксна цена, со приоритет според времето на внесување во БЕСТ-системот“.

Со емисијата, ТТК Банка планира да обезбеди 1,5 милиони евра нови средства, наменети за зајакнување на капиталната позиција и поддршка на натамошниот деловен и кредитен раст.

Новата емисија претставува дополнителна можност за инвеститорите да остварат стабилен принос, а истовремено ја потврдува определбата на ТТК Банка за поголемо користење на домашниот пазар на капитал и диверзификација на изворите на финансирање.

Почитувани,Ве известуваме дека паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули се исплатени денес, ...
06/08/2026

Почитувани,
Ве известуваме дека паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули се исплатени денес, 6.8.2026 година.
Корисниците на картички, може да располагаат со средствата преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
За корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе преку филијалите и експозитурите на ТТК Банка почнувајќи од 6.8.2026 година.

Со почит,
ТТК Банка АД Скопје

Честит Илинден!
02/08/2026

Честит Илинден!

✨ Со твојата омилена традиција, на првиот ден од секој месец, имаш причина за славење.📌 Регистрирај се на http://www.pri...
01/08/2026

✨ Со твојата омилена традиција, на првиот ден од секој месец, имаш причина за славење.
📌 Регистрирај се на http://www.priceless.com/MKden
📌 Плати со Mastercard картичка во ресторан, бар или за достава на храна на 1-ви во месецот
📌 Добиј 10% поврат на средства директно на твојата сметка
✅ Откриј ги сите придобивки што ги нуди твојата Mastercard картичка на http://www.priceless.com/MKden

Почитувани,Ве известуваме дека по повод претстојниот државен празник –„Илинден“ - Ден на републиката, на 3.8.2026 година...
31/07/2026

Почитувани,
Ве известуваме дека по повод претстојниот државен празник –„Илинден“ - Ден на републиката, на 3.8.2026 година (понеделник), филијалите и експозитурите на ТТК Банка АД Скопје нема да работат.

Во секое време на ваше располагање се услугите достапни преку мобилното банкарство TTK M-bank, електронското банкарство TTK E-bank, а за подигнување и уплата на готовина достапна ви е мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

ТТК Банка АД Скопје ви го честита празникот!

Почитувани,Ве известуваме дека ТТК Банка АД Скопје ќе изврши предвремена исплата на пензијата на 31 јули (петок) 2026 го...
30/07/2026

Почитувани,
Ве известуваме дека ТТК Банка АД Скопје ќе изврши предвремена исплата на пензијата на 31 јули (петок) 2026 година.
Пензионерите кои користат Visa или Mastercard® дебитна картичка пензијата ќе можат да ја подигнат преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или да ја користат за плаќање во трговската мрежа.
Пензионерите кои не поседуваат дебитни картички, пензијата ќе можат да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.

Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку интернет банкарство TTK E-bank, со мобилната апликација TTK M-bank или со користење на платежните картички за плаќање во трговската мрежа.

Со почит,
ТТК Банка АД Скопје

Синоќа, пред преполниот Антички театар во Охрид, со гала концертот „Љубов“ свечено беше отворено 66. издание на фестивал...
13/07/2026

Синоќа, пред преполниот Антички театар во Охрид, со гала концертот „Љубов“ свечено беше отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, една од најзначајните меѓународни културни манифестации во земјата.

Со настапот на Ермонела Јахо (сопран, Албанија) и Чарлс Кастроново (тенор, САД), во придружба на Оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на италијанскиот маестро Марко Боеми, концертот приреди незаборавно музичко доживување за повеќе од 4.000 посетители, означувајќи го почетокот на уште едно фестивалско лето исполнето со исклучителни уметнички остварувања.

Горди сме што сме дел од фестивал кој веќе 66 години претставува симбол на традицијата, културното наследство и врвната уметност.

#ОхридскоЛето #Култура #Уметност

Со особена чест, и оваа година ТТК Банка е спонзор на фестивалот „Охридско лето“, кој годинава го одбележува своето 66. ...
12/07/2026

Со особена чест, и оваа година ТТК Банка е спонзор на фестивалот „Охридско лето“, кој годинава го одбележува своето 66. издание и ќе се одржува од 12 јули до 20 август.

Веруваме дека вложувањето во културата и уметноста е вложување во иднината, затоа што тие инспирираат, поврзуваат и ги негуваат вистинските вредности.

Им посакуваме успешен почеток на организаторите и уште едно успешно фестивалско издание, исполнето со врвни уметнички остварувања.

#ОхридскоЛето #ПоддршкаНаКултурата

Ве известуваме дека паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни се исплатени денес, 9.7.2026 го...
09/07/2026

Ве известуваме дека паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни се исплатени денес, 9.7.2026 година.
Корисниците на картички, може да располагаат со средствата преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа. За корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе преку филијалите и експозитурите на ТТК Банка од утре, 10.7.2026 година.

Address

Naroden Front 19a
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38923247000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when TTK BANKA AD SKOPJE posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to TTK BANKA AD SKOPJE:

Shortcuts

Share