Националната групација за осигурување АД Осигурителна полиса Скопје е компанија која почна да егзистира на македонскиот осигурителен пазар во почетокот на Јуни 2005 година, регистрирана со Трег. бр. 2320/2005 од 09.05.2005 година. Оснивачкиот капиталот е домашен приватен капитал.
Иако АД Осигурителна полиса Скопје е ново друштво за осигурување на македонскиот осигурителен пазар се појавува со иску
ство и висока професионалност што се должи на екипираноста на менаџерскиот и стручиот тим со искусни и проверени професионалци, со примената на најновите методологии за утврдување на цените на осигурувањето базирани пред се на познавањето на ризиците, современото актуарство и методите на утврдувањето на обештетувањето.
Националната групација за осигурување АД Осигурителна полиса Скопје ги покрива сите класи на неживотно осигурување и тоа:
• Осигурување од последици на несреќен случај - незгода (вклучувајќи и индустриски повреди и професионални заболувања) во случај на смрт или нарушување на здравјето при повреда;
• Здравствено осигурување;
• Осигурување на моторни возила (каско);
• Осигурување на шински возила (каско);
• Осигурување на воздухоплови (каско);
• Осигурување на пловни објекти (каско);
• Осигурување на стока во превоз (карго);
• Осигурување на имот од пожар и природни непогоди;
• Други осигурувања на имот;
• Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила;
• Осигурување од одговорност од употреба на воздухоплови;
• Осигурување од одговорност од употреба на пловни објекти;
• Општо осигурување од одговорност;
• Осигурување на финансиски загуби
• Здравствено осигурување при патување и престој во странство.
Компанијата е во реална можност да обезбеди исклучително поповолни услови при осигурувањето со примена на прифатливи премиски стапки, попусти, бонуси, како и одложено плаќање на премијата и квалитетна и ефикасна услуга во областа на осигурување, процена и ликвидација на штети.