13/04/2024
Со големо задоволство ви ги најавуваме овогодишните Job Fair амбасадори🤩
🔵 Моника Ризовска Таневска е претседател на Women in tech Macedonia - глобална организација за поддршка, едукација и менторство на жени за технологија, долгогодишен Employer Branding консултант и ко-основач на Ways2help - иницијативата посветена на помош на социјално загрозени семејства.
🟣 Со повеќе од 7 години искуство во менаџирање на интернационални технолошки и маркетинг тимови Елена е искусен менаџер, кој го споделува со нас светот на работа на далечина и глобалните трендови во истиот. Во нејзиното портфолио се клиенти како Superside, Yoko Co, NIke, Coinbase и други глобални брендови од кои таа ќе ни сподели искуства. Таа исто така последниве три години била дигитален номад, работела на свои проекти и од своето портфолио на реализирани идеи ја споделува со нас master.linkedin.
⚪ Маја Атанасоска е посветен UX/UI дизајнер, креатор на содржина и маркетинг стратег со мисија да ја инспирира и води нејзината публика во нивното патување во возбудливиот свет на дизајнот. Нејзината цел е да создаде заедница каде што креативноста е во преден план, а поединците можат да учат, да соработуваат и да напредуваат во UX/UI дизајнот.
🟢 Сања Митровска, инспирирана од потенцијалот на стартапите да го обликуваат општеството, ја основаше Networker којмпанија која им помага на стартапите за започнат преку Google Design Sprint и поврзување со инвеститори. Со својата компанија, досега има донесено $2.5M за компании во рана фаза и постигнато Гинисов рекорд во областа на презентации пред инвеститори. Сега, со „Founder Games“, првото реално шоу за претприемачи таа цели да ги инспирира бизнисите да размислуваат глобално, носејќи го победникот во Силиконската Долина.
Не двоумете се и преземете го следниот чекор!
Кој и да си, кај и да си, од 15-19 Април на Job Fair да си!