04/10/2022
Сава Стејшен е станица за технички преглед и регистрација на моторни возила, која е уште еден пример за визионерството и долгорочните планови на „Сава осигурување“ за развој на македонскиот осигурителен пазар.
За сите клиенти „Сава Стејшн“ овозможува комплет од повеќе услуги на едно место:
🟩Технички преглед
Квалитетна и брза услуга од стручен тим при прегледот на вашето возило.
🟩Осигурувања
Во подружницата на „Сава осигурување“ ќе ги најдете сите видови неживотни осигурувања: моторни возила, имот, земјоделство, транспорт, патничко, здравствено осигурување, осигурување од одговорност и др.
🟩Служба за штети
Нема потреба да одите до дирекцијата на „Сава“ бидејќи во подружницата се врши пријавување, проценка и ликвидација на штети.
🟩Сервис
На истата локација се врши поправка на оштетените возила. Во сервисот „Са-Тра“ добивате професионална услуга за сите видови сервисирање на возила од сите категории.
🟩Сава кафуле
Додека чекате вашето возило да го помине техничкиот преглед, опуштете се во кафулето што се наоѓа во склоп на „Сава стејшн“.
Локација на станицата: ул.“34” бр.7, нас. Илинден – Скопје
Сава Стејшн – Секогаш НАЈДОБРИОТ ИЗБОР за твојот автомобил!
🌐https://mk.sava.insure/mk-mk/sava-station/