24/02/2026
Месецот февруари го посветивме на младите од Генерацијата З
Во текот на овој месец одржавме три настани за младите:
На 06.02 г-ѓа Драгица Корењак од Словенија, врвен експерт во менаџмент ни претстави еден поинаков пристап за работа во финансиите. На овој настан дојдоа преку 80 гости, претставници на генерацијата З, кои се запознаа со трендовите во финансиските професии и можноста за флексибилна кариера во ова поле.
Наредниот викенд, дел од овие гости имаа можност да присуствуваат на нашиот прв дводневен Основен семинар за млади каде 25 амбициозни учесници добија врвни знаења во областа на личните финансии, финансиските пазари, техники во продажбата и добија детален опис на врвните услуги кои ние ги нудиме. Младите гости ни дојдоа од сите полиња - доктори, инженери, музичари, информатичари па до економисти, правници и менаџери. Дел од присутните се одлучија да се придружат на нашиот тим и веќе започнуваат со нивната работа!
Потоа на 21-ви Февруари бевме поканети на настанот "Економски Тим Билдинг" организиран од Факултетското Студентско Собрание на Економскиот Факултет при УКИМ каде одржавме кратка работилница и допревме теми од полето на лични финансии за младите економисти.
Нашиот тим е воодушевен од интересот и амбицијата на младите. Остануваме високо мотивиран и со големо задоволство ќе продолжиме да организираме вакви настани во иднина!
#финансискаписменост #финансии