20/09/2023
Одлуката се применува од денес 20 септември 2023 година до 30 ноември 2023 година.
Со Одлуката се пропишуваат:
- Највиските цени на определените производи во трговијата на мало (цени кои се применувале на 1 август 2023 година намалени најмалку за 10%).
- Обврската за трговците на мало за јасно обележување на производите со намалени цени.
- Обврската за трговците кои вршат производство и трговија на големо на трговците на мало да им продаваат месечно производи/стоки во пропишаната количина (најмалку 70% од количината продадена во месец август 2023 година).
1. ПРОИЗВОДИ/СТОКИ НА КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ ПОСЕБНИТЕ УСЛОВИ ПРОПИШАНИ СО ОДЛУКАТА
1) ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg;
2) брашно пченично тип 400 и тип 500;
3) бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;
4) други пекарски производи;
5) бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g;
6) аполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g;
7) тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g;
8 ) јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел;
9) свинско месо без коски, од бут или некој друг дел;
10) мелено месо свинско и јунешко;
11) пиле свежо или замрзнато (цело);
12) пилешки стек свеж или замрзнат;
13) чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување;
14) пилешка посебна салама (без слајс пакување);
15) паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g;
16) трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l;
17) јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l;
18) кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g;
19) павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g;
20) традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);
21) традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци);
22) свежи јајца од кокошка;
23) свежо овошје и
24) свеж зеленчук.