03/04/2020
...Да, само што не се работи за субвенционирање, туку кредитирање. Содржина пред форма! Според содржината, насловот на оваа одлука требаше да гласи вака:
„Владата на РСМ одлучува да ги кредитира сите претпијатија кои немаат КЕШ да исплатат плати на своите вработени. КЕШОТ треба да го вратат назад подоцна.“
На крајот на оваа уредба за “финансика поддршка“ пишува: “Согласно оваа Уредба работодавачите кои ќе го искористат правото на финансиска поддршка за исплата на плати, имаат обврска примените финансиски средства ги вратат во Буџетот на Република Северна Македонија.“
Како и претходните мерки за помош, и оваа мерка е многу двосмислена и натрупана со бирократски процедури и услови, кои најголемиот број на компании ги дестимулираат за барање на финансиска поддршка од државата. Ова ги прави сите овие мерки неефективни. Бидејќи работодавачите се обврзани добиените средства да ги вратат во Буџетот на РСМ, а насловот упатува на нешто сосема друго, ги прави овие мерки да добиваат политички карактер, а не економски.
Приватниот сектор има потреба од субвенции, а не ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ.
Владата го донесе вториот пакет економски мерки за справување со кризата за да се сочуваат колку што може повеќе работните места на граѓаните и да му се помогне на ....