28/05/2020
У Р Е Д Б А
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНИ И ВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО НИЗОК ДОХОД, МЛАДИ ЛИЦА И ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ПРЕКУ ИЗДАВАЊЕ НА ДОМАШНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА НАМЕНЕТА ЗА КУПУВА- ЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА
Определени групи на граѓани ке добијат финансика поддршка а тие се следни:
1) „Граѓани со низок доход“ се полнолетни државјани на Република Северна Македонија кои се приматели на социјална помош (лица од домаќинство кое користи право на гарантирана минимална помош; лица од домаќинство кое користи право на детски додаток; лица од домаќинство кое користи право на додаток за образование; корисник на право на социјална сигурност за старите лица и негов брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница) или невработени ли- ца кои активно бараат работа евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија заклучно со 22.05.2020 година, кои за 2019 година оствариле годишен доход во нето износ не поголем од 180.000 денари и за периодот јануари-април 2020 година оствариле доход во нето износ не поголем од 60.000 денари согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи (во натамошниот текст: „граѓани-корисници на финансиска поддршка“). Граѓаните-корисници на финансиска поддршка ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 9.000 денари по лице
2) „Вработени лица со низок доход“ се државјани на Република Северна Македонија кои се во работен однос и кои за периодот јануари-април 2020 година ос- твариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи (во натамошниот текст: „работници-корисници на финансиска поддршка“). Работниците корисници на финансиска поддршка ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 3.000 денари по лице.
3) „Млади лица“ се државјани на Република Северна Македонија со наполнети 16 години и не постари од 29 години на 22.5.2020 година, кои се активни учесници во формалното средно образование (средни училишта основани од Република Северна Македонија, ло- калната самоуправа и градот Скопје) и високото додип- ломско образование на Република Северна Македонија (редовни студенти на универзитети основни од Република Северна Македонија), согласно со евиденцијата на Министерството за образование и наука (во натамошниот текст: „млади лица-корисници на финансиска поддршка“). Младите лица корисници на финансиска поддршка ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 3.000 денари по лице.
4) „Здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од COVID-19“ се државјани на Република Северна Македонија вработени во јавните здравствени уста- нови во Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, центри за јавно здравје, членови на тимовите за Итна медицинска помош, лица вработени во инфективните одделенија на општите болници и анга- жирани работници во други одделенија кои повремено биле ангажирани во инфективните одделенија на соод- ветната јавна здравствена установа респективно за вре- мето на ангажирање согласно со евиденцијата на Фон- дот за здравствено осигурување заради тестирање, ди- јагностицирање и лекување на граѓани заболени од COVID-19 (во натамошниот текст: „здравствени работници-корисници на финансиска поддршка“). Здравствените работници-корисници на финансиска поддршка кои учествувале во тестирање и дијагностицирање на граѓани заболени од COVID-19 и нивно лекување ќе добијат еднократна финансиска поддршка во висина на 40% од износот на по- следната пресметана основна нето плата на секој работник одделно до денот на влeгување во сила на оваа уредба со законска сила.
5) „Домашна платежна картичка“ (ДПК) е платежна картичка со видливо отпечатена ознака: „КУПУВАМ ДО- МАШНО“ (“KUPUVAM DOMASHNO”) издадена од резидентна банка која потпишала Договор со Владата на Република Северна Македонија. Банката издавач на домашна платежна картичка издава (ДПК) домашна платежна картичка издава на корисниците на финансиска поддршка од Конечната листа на корисници на финансиска поддршка од ставот на овој член во најкус можен рок согласно со расположливите капацитети на банката, а најдоцна до 3.7.2020 година.
6) Примената финансиска поддршка на ДПК корисниците на финансиска поддршка ја користат исклучиво за купување на македонски производи и услуги кај правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија во периодот од денот на приемот на ДПК до 31.07.2020 година.
7) ДПК може да се користи за плаќање на македонски производи и услуги на ПОС терминал и виртуелен ПОС терминал на правно и физичко лице вршител на стопанска дејност согласно со Националната класификација на дејности.
8) Конечната листа на корисници на финансиска поддршка со податок за името и презимето на корисникот и банката издавач на ДПК, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ја објавува на www.kupuvamdomasno.gov.mk во рок од пет дена од денот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила. Корисник на финансиска поддршка има право да ја одбие финансиската поддршка во рок пет дена од денот на објавувањето на Конечната листа од овој став. Одбивањето на финансиската поддршка се врши преку www.kupuvamdomasno.gov.mk, односно преку банка издавач на ДПК, во писмена форма или преку емаил, во спротивно се смета дека финансиската поддршка уредена со ова уредба со законска сила се прифаќа.
9) Злоупотребата и фалсификувањето на домашната платежна картичка од страна на физички и правни лица подлежат на казна согласно со Кривичниот законик.