Lenbil DOOEL - smetkovodstveno biro

Lenbil DOOEL - smetkovodstveno biro Овластен сметководител / согласно законот за сметково?

- Сметководствени услуги
- Микро, мали и средни претпријатија
- Финансиско сметководство
- Материјално сметководство
- Електронско поднесување на завршни сметки
- Електронско пријавување/одјавување на работници
- Електронско пријавување на вработени и членови на вработени во ФЗО
- Пресметка на плати + изготвување на исплатни листи
- Пресметка на сите видови даноци
- Дополни

телни услуги
- Овластен регистрационен агент на ЦРМ
- Регистрирање и промена на правни субјекти
- Готовински и безготовински платен промет (пополнување на уплатници и носење до банка)
- Регистрирање на фирма (електронски - трошоци кон ЦРМ = 0 ден.)
- Пополнување на документи и поднесување за субвенции
- Трговски книги
- Поднесување на огласи за работа (ППР) како и пријава/одјава на работници (електронски)
- Пополнување и изготвување на секакви видови на обрасци

21/08/2025
11/07/2025

These 30 young business leaders are transforming climate action at companies like Expedia, Kohler, Patagonia and UPS.

17/06/2025

Reflecting on Cascale Forum: Ho Chi Minh City, Worldly's Jay Gaines and Cascale's Lee Green dive deeper on the momentous partnership.

11/06/2025

The Scope 3 Podcast · Episode

11/06/2025
05/10/2024
03/10/2024

Надоместоци за користење на сопствено возило за службени потреби ослободени од данок на личен доход и данок на добивка
Закон за работни односи

Согласно член 113 од Законот за рaботните односи (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и 110/19), работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работата за користење на приватен автомобил за службени патувања. Висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на надоместокот на овие трошоци се утврдува со закон и колективен договор.

Закон за данокот на личен доход

Согласно член 12 став 1 алинеја 17 од Законот за данокот на личен доход (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.241/18), данок на доход не се плаќа на надоместок на трошоците за користење сопствен автомобил за потребите на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар, а најмногу до 3.500 денари месечно.

Закон за данокот на добивка

Согласно член 9 став 1 алинеја 2 точка 8 од Законот за данокот на добивка (,,Службен ведник на Република Македонија’’ бр.112/14, 129/15, 23/16, 190/16 и 248/18), данок на добивка не се плаќа на износот на исплатените надоместоци на трошоци за користење на сопствено возило на вработениот за потребите на работодавачот, во висина од 30% од исплатениот износ, но најмногу до 60.000 денари на годишно ниво.

Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството

Согласно член 35 став 1 алинеја 6 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.88/09 и 60/10), работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утврдени со закон и колективен договор и тоа надомест на трошоците за користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го корисити автомобилот за секој изминат километар.

Општ колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија

Согласно член 21 став 1 алинеја 7 од Општиот колективен договор за јавниот сектор во Република Македонија (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.10/08 и 85/09), работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа утврдени со закон и тоа на трошоците за користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар со патен налог. Овие одредби не важат за пратеници и избрани и именувани лица.

Закон за пратениците

Согласно член 31 став 1 алинеја 7 од Законот за пратениците (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.84/05, 52/06, 161/08, 104/09, 51/11, 109/14, 140/18 и 27/19), пратеникот има право на надоместок за користење на автомобили во лична сопственост за службени цели, во висина од 20% од продажната цена на еден литар гориво, според изминатиот километар за возилото кое се користи.

Закон за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија

Согласно член 27 став 1 алинеја 2 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на СРМ“ број 36/1990 и „Службен весник на Република Македонија“ број 38/1991, 23/1997, 37/2005, 84/2005, 121/2007, 161/2008, 92/2009, 42/10, 97/10, 162/10, 11/12, 145/12, 170/13, 139/14 и 233/18), избраните и именуваните лица имаат право на надоместок за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели, во висина до 20% од продажната цена на еден литар гориво, според изминатиот километар за возилото кое се користи.

02/10/2024

Овие 5 надоместоци вашиот работодавач мора да ви ги исплати секој месец
Насловна › Совети › Права за време на работниот... › Овие 5 надоместоци вашиот работодавач мора да ви...
11.12.2022
Овие 5 надоместоци вашиот работодавач мора да ви ги исплати секој месец

Секој работник има право на надоместок на трошоците кои се направени поврзани со работата, а се уредени со Закон за работни односи и колективниот договор.

Надоместок ви следува за следните трошоци:

1. Дневници за службени патувања во земјата (8% од основицата)

2. Дневници за службени патувања во странство во согланост со уредбата за издатоци за службен пат и селидби во странство

3. Теренски додаток доколку работите на терен (сместување, исхрана и слично)

4. Надомест за одвоен живот од семејството утврден во колективниот договор, но не помалку од 60% од основицата.

5. Ако користите сопствен автомобил ви следува надоместок од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат км

Законски надоместоци:

Доколку се селите за потребите на работата, трошоците ги покрива работодавачот
Регрес за годишен одмор или к-15 во висина од најмалку 40% од основицата

Покрај надоместоците наведени нагоре, на работникот му се исплатува надоместок и:

Во случај на смрт на работникот, на неговото семејство се исплатува надоместок во висина од три основици
Во случај на смрт на член на семејството, на работникот му се исплатува надоместок во висина од две основици
Во случај на потешки последици од елементарна непогода, на работникот му следува надомест во висина од една основица
За непрекинато боледување подолго од 6 месеци поради повреда на работа или професионално заболување на работникот му следува надоместок во висина на една основица
За 10 години работа кај истиот работодавач, на работникот му се исплатува јубилејна награда во висина на основицата
При заминување во пензија на работникот му следува најмалку двократен износ на основицата

Основицата за пресметување на надоместоците на работниците е всушност просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија која е исплатена во последните 3 месеци.

02/10/2024

Колку добро ги познаваме правата на работникот ? Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно
Насловна › Совети › Права за време на работниот... › Колку добро ги познаваме правата на работникот ? ...
18.05.2021
Колку добро ги познаваме правата на работникот ? Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно

Работата со полно работно време во нашата земја е 40 часа неделно, освен ако со закон поинаку не е предвидено. Дилемите и неправилностите, обично се јавуваат кога се бара работник за работа од 6 дена во неделата, осум часа. Кога сè ќе се додаде, тоа се 48 часа работа, дали е тоа дозволено?

Времето за работа е дефинирано со закон за работни односи како „период во кој работникот е должен, односно е достапен да изврши работа според налозите на работодавачот, на местото каде што се извршува истата, во согласност со законот“

Работата со полно работно време во нашата земја е 40 часа неделно, освен ако со закон поинаку не е предвидено. Дилемите и неправилностите, обично се јавуваат кога се бара работник за работа од 6 дена во неделата, осум часа. Кога сè ќе се додаде, тоа се 48 часа работа, дали е тоа дозволено?

Со закон, или со колективен договор може да се определи за работните места, кај кои постојат поголеми опасности од повреди или здравствени оштетувања, полното работно време да трае помалку од 36 часа неделно.

Честопати, самата плата веќе вклучува „прекувремена работа“ и обично оние кои работат шест дена во неделата, на пример во малопродажба, работат од шест до седум часа на ден. Она што лути многу работници е начинот на кој домашните компании составуваат огласи за вработување:

„Ние нудиме редовна, стимулативна заработка, регистрација од првиот ден, платена прекувремена работа, услови за напредување, пријатно опкружување…”.

Од друга страна, има минимум работни часови што мора да се исполнат. Општиот акт може да предвиди работа со полно работно време да биде пократка од 40 часа неделно, но не пократка од 36 часа . Во тој случај, работникот ги остварува сите права од работниот однос, како да работи со полно работно време.

Во времето на пандемијата, границите на работното време станаа уште „нејасни“, бидејќи повеќето луѓе работеа од дома, додека некои компании го воведоа следното правило: дел од колективот доаѓа на работа една недела, а другиот дел - друга недела. Ова значи дека вработените работат практично две недели месечно, осум часа, што може да се оцени како „виша сила“.

„Долгото работно време е причина за 745.000 смртни случаи од мозочен удар и исхемично срцево заболување во 2016 година, според процените на Светската здравствена организација (СЗО) и Меѓународната организација на трудот (МОТ) објавени денеска. СЗО и МОТ проценуваат дека во 2016 година 398.000 луѓе починале од мозочен удар и 347.000 од срцеви заболувања поради тоа што работеле најмалку 55 часа неделно. Помеѓу 2000 и 2016 година, бројот на смртни случаи од срцеви заболувања поради долго работно време се зголемил за 42 проценти, а од мозочен удар за 19 проценти.“

02/10/2024

Годишен Одмор-сите права и обврски
Насловна › Совети › Права за време на работниот... › Годишен Одмор-сите права и...
31.05.2021
Годишен Одмор-сите права и обврски

Ова право е загарантирано со Уставот на Република Македонија. Уставот на Република Македонија става посебен акцент на неприкосновеноста на правото на одмор со определба дека од ова право не може да се откаже вработеното лице. Доколку работникот даде изјава дека се откажува од ова право или од надоместокот за годишен одмор – што му следува доколку не го користи годишниот одмор, кажано во правна смисла, таа изјава е ништовна, што значи дека таа не произведува правно дејство, т.е. секоја изјава што би ја потпишало вработеното лице дека се откажува од правото на годишен одмор или од правото да биде платен, нема да важи на суд.

Платениот годишен одмор изнесува најмалку 20 работни дена. Со КД на ниво на гранка, односно дејност, КД на ниво на работодавач или со договор за вработување, годишниот одмор може да се продолжи до 26 работни дена. Во Колективните договори на ниво на гранка, односно дејнoст, во КД на ниво на работодавач и во договорот за вработување се утврдени критериуми за определување на должината на годишниот одмор над минимумот од 20 работни дена, и тоа: должината на работното искуство, сложеноста на работните задачи, здравствената состојба на вработеното лице (инвалид на трудот или работник со преостаната работна способност согласно соодветна документација доставена до работодавачот), условите за работа, работник помлад од 18 години.

Доколку се надмине максимумот по основ на наведените критериуми, работникот има право на годишен одмор само до 26 работни дена. Должината на годишниот одмор, стекната по основ на здравствена состојба на вработеното лице и вработено лице помладо од 18 години, може да изнесува и повеќе од 26 работни дена.

Вработеното лице има можност годишниот одмор да го користи во повеќе делови во договор со работодавачот, но еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели.

Работодавачот има законска обврска да му обезбеди на вработеното лице искористување 12 работни дена годишен одмор до крајот на календарската година, а другите неискористени денови да може да се користат до 30 јуни наредната година. Доколку вработеното лице поради одредени лични, сејмени причини (боледување, или повреда, породилно отсуство или нега и чување дете) не можел објективно да го искористи годишниот одмор од календарската година во целост, ова право се префрла за наредната година, но само до 30 јуни.

Со колективен договор на ниво на работодавач може да се регулира ова право, за вработено лице што работи во странство да може да го користи годишниот одмор во целост до крајот на идната календарска година.

Вработеното лице по правило треба да го користи правото на годишен одмор кај работодавач кај кого го стекнал правото. Во случај на престанок на работниот однос, работодавачот е должен да му издаде потврда на работникот за искористен годишен одмор во тековната година.

Работникот има право на надоместок на неискористените денови од годишниот одмор, пред престанок на работниот однос, само доколку тој претходно побарал користење на одморот, а не му било овозможено да го користи, а работниот однос му престанал, но не по негова вина или волја. Со исплатата на паричниот надоместок по основ на неискористени денови од годишен одмор, се смета дека работникот целосно го искористил годишниот одмор.

Пожелно е работодавачот благовремено да подготви план за временскиот период кога вработените ќе ги користат деновите од годишниот одмор и притоа да ги извести. При подготовката на планот потребно е да се има предвид непрекинатото одвивање на работниот процес, можностите за одмор и рекреација, како и личните и сејмените обврски на вработените. Вработеното лице има право да побара да користи 2 дена годишен одмор, денови што самиот ги определува (по потреба), но има обврска 3 дена претходно писмено да го извести работодавачот, без да дава образложение зошто му требаат тие денови.



Работодавачот е должен на вработеното лице задолжително да му издаде решение за користење годишен одмор, во кое се утврдува колку денови работникот има право на годишен одмор, начинот на негово користење и во кој временски период работникот ќе го користи одморот. Доколку вработеното лице не добие решение, треба писмено да се обрати до работодавачот да му издаде решение.

Во пресметувањето на времетраењето на годишниот одмор не се пресметуваат празниците што се утврдени со закон, саботите, неделите, случаите на оправдано отсуство.

Во текот на користење на годишниот одмор може да се случат и некои состојби од личен семеен карактер што се сметаат за оправдано отсуство и тоа е платено отсуство: смрт на член на семејството, раѓање на дете (само за таткото), склучување брак. Деновите на платен одмор по овие основи се утврдени со колективен договор, но не може да изнесуваат повеќе од 7 работни дена.

Истото важи и за боледување, кога во текот на користење годишен одмор вработениот поради нарушена здравствена состојба користи боледување, годишниот одмор се прекинува и за тоа треба писмено да го извести работодавачот.

Како ден од годишен одмор се смета секој работен ден што е според распоредот на работното време кај работодавачот за конкретниот работник, одреден како работен ден. Односно, ако во неделата работникот има 4 работни дена и три слободни, во годишен одмор се пресметуваат само 4 работни дена.

Одмор за лица со скратено работно време:

Вработеното лице што е пријавено дека работи со скратено работно време има право на годишен одмор со минимално времетраење од 10 работни дена.



Одмор за лица кои прв пат се вработуваат:

Лице, кое првпат заснова работен однос, се стекнува со право на цел годишен одмор, кога ќе оствари непрекината работа од најмалку 6 месеци работа кај ист работодавач (без оглед дали работникот работи полно или пократко од полното работно време).



Право на пропорционален дел од годишниот одмор

Работникот има право на користење пропорционален годишен одмор во вкупен износ од по 2 дена за секој месец работа, доколку во календарската година во која склучил работен однос не се стекнал со право на целосен годишен одмор, или му престанал работниот однос пред изминување на рокот, по истекувањето на кој би стекнал право на целосен годишен одмор.

Call now to connect with business.

21/09/2024

I gained 9 followers, created 11 posts and received 151 reactions in the past 90 days! Thank you all for your continued support. I could not have done it without you. 🙏🤗🎉

Address

Bulevar 1-vi Maj BB
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Lenbil DOOEL - smetkovodstveno biro posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Lenbil DOOEL - smetkovodstveno biro:

Share