28/07/2026
👛🎩Некои вечери не се планираат, тие едноставно се доживуваат. 7 и 8 август во Старата битолска чаршија, Фестивал на староградска музика Битола.
🎵🎶Битола има многу приказни. Најубавите ги слушаме преку песна!
Битола – градот со голема традиција и богато културно – историско наследство, со себе носи многу приказни кои се раскажувале некогаш, се надградувале и менувале, онака како што градот го менувал својот лик, така, како што времето ја креирало својата сегашност, на начин, на кој што се создавала историјата. Старата битолска чаршија, било местото на еснафот на градот. Токму таму на местото каде што денес е спојот на ориенталното и градското живеење во единствениот, делумно сочуван дух на 7ми и 8ми август ќе се одржи фестивал на Староградска музика и тоа по деветти пат. Одлична староградска музика,малку македонски шлагери ќе бидат приоритет за сите, заедно да го вратиме духот на битолската чаршија.
📍петок 07.08:
🔴 Група Деспина - Grupa Despina
🔴 Никола Зацески - Nikola Zaceski
🔴 Група Калабалак - Grupa Kalabalak
🔴 НАУМ ПЕТРЕСКИ - Naum Petreski
📍сабота 08.08:
🔴 КУД Илинден - Градска традиција, Битола, Крушево,Охрид КУД Илинден Битола - официјална страница
🔴 БОЕМИ - Grupa "BOEMI'' Bitola