Паблик / Public

Паблик / Public Асоцијација за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК (издавач на уличното списание „Лице в лице“)

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој, ПАБЛИК, од почетокот на 2015 година почнува нова фаза во своето работење. Откако се ребрендираше од Центар за медиумски активности (ЦМА) во ПАБЛИК, асоцијацијата постави нова организациска структура и е целосно посветена на развој на проекти чии што резултати директно влијаат врз главните столбови на кои се темели нашата визија – општество со

еднакви можности и свесност и вклученост на граѓаните во неговото креирање.

Соочени со недостиг на релевантни информации, базирани на истражувачки податоци во општествените сфери кои се во фокусот на интерес на ПАБЛИК, решивме дека е вистински момент за промени по 12 години постоење на ЦМА. Утврдивме дека организацијата преку уличното списание кое го издава, „Лице в лице“, добива видливост и сериозна поддршка од граѓаните, но не може да направи суштински промени и влијание врз политиките доколку ги нема потребните информации – до каде сме и што треба да направиме (базирано на научни истражувања). Од друга страна и на граѓаните кои ја даваат својата поддршка, потребно им е да се јасно информирани, што би било основа за понатамошна подлабока поддршка, а кога ќе имаат информација, ќе оформуваат ставови базирани на вистини.

Со комуникациските методи пак, информираните граѓани, кои на ваков начин ја развиваат критичката мисла, стануваат свесни за својата улога во општеството и го стекнуваат или јакнат чувството за општеството како целина.

Социјалните ментори на „Паблик“ изминатата година работеа директно со корисници на гарантирана минимална помош во Скопје...
24/05/2026

Социјалните ментори на „Паблик“ изминатата година работеа директно со корисници на гарантирана минимална помош во Скопје, Тетово, Струга, Битола, Прилеп, Куманово, Кочани и Виница, обезбедувајќи им поддршка за подобрување на вештините за вработување, мотивација и насочување кон пазарот на трудот.

Социјалното менторство носи позитивни промени во квалитетот на живот: 53 лица се вработени, беа вработени во текот на минатата година, на 67 им беа подобрени вештините за вработување, додека 83% од вработените се задржале на работните места.

Социјалното менторство на „Паблик" подразбира процес на градење доверба, охрабрување и индивидуален пристап кон луѓе кои со години биле надвор од пазарот на труд и социјално исклучени. 💙

#СоцијалноМенторство #СоцијалноМенторствоПаблик
#РаботнаИнтеграција #СоцијалнаИнклузија #ГМП

Фотографии: Томислав Георгиев

Благодариме за објавата .mk https://text.mk/sertificzirana-vtorata-generaczija-soczijalni-mentori-vo-zemjava/
23/05/2026

Благодариме за објавата .mk
https://text.mk/sertificzirana-vtorata-generaczija-soczijalni-mentori-vo-zemjava/

Втората генерација социјални ментори за работна интеграција беше сертифицирана денес после едногодишната работа со корисници на социјална помош на кои им овозмо....

Благодариме за објавата Panoptikum.mk
23/05/2026

Благодариме за објавата Panoptikum.mk

Втората генерација социјални ментори за работна интеграција беше сертифицирана по едногодишна работа со корисници на гарантирана минимална помош. Проектот на „П...

Благодариме Трн.мк за информирање за социјалното менторство на „Паблик“
23/05/2026

Благодариме Трн.мк за информирање за социјалното менторство на „Паблик“

Програмата за социјално менторство донесе 53 вработувања и поддршка за корисници на гарантирана минимална помош во осум градови низ земјата.

Благодарност до Рацин.мк
23/05/2026

Благодарност до Рацин.мк

Социјално менторство донесе 53 вработувања и покажа дека ранливите категории имаат потреба од поддршка, не само од оглас за работа.

Сертифицирана е втората генерација социјални ментори за работна интеграција во земјава.Социјалните ментори на „Паблик“ р...
23/05/2026

Сертифицирана е втората генерација социјални ментори за работна интеграција во земјава.

Социјалните ментори на „Паблик“ работеа директно со корисници на гарантирана минимална помош во Скопје, Тетово, Струга, Битола, Прилеп, Куманово, Кочани и Виница, обезбедувајќи им поддршка за подобрување на вештините за вработување, мотивација и насочување кон пазарот на труд.

Резултатите покажуваат дека социјалното менторство носи позитивни промени во квалитетот на живот: 53 лица се вработени, беа вработени во текот на минатата година, на 67 им беа подобрени вештините за вработување, додека 83% од вработените се задржале на работните места. Најголемиот дел од вработувањата се реализирани во приватниот сектор (86,6%), а најмалку вработувања имало во јавниот сектор (1,9%).

Социјалното менторство на „Паблик“ не е само поддршка за вработување. Станува збор за процес на градење доверба, охрабрување и индивидуален пристап кон луѓе кои со години биле надвор од пазарот на труд и социјално исклучени.

Благодарност до социјалните ментори, водителите на случаи од Центрите за социјална работа и сите партнери кои придонесоа овој процес да донесе вистинска промена. 💙
Повеќе на линкот во коментар 👇

#СоцијалноМенторство #СоцијалноМенторствоПаблик
#РаботнаИнтеграција #СоцијалнаИнклузија #ГМП

Се грижиме - ППСУ / Kujdesemi - PPSS Министерство за труд и социјална политика
Фотографии: Томислав Георгиев

- Со стапка од 72% успешно вработување кај менторираните лица, социјалното менторство на „Паблик“ покажува дека „неврабо...
09/05/2026

- Со стапка од 72% успешно вработување кај менторираните лица, социјалното менторство на „Паблик“ покажува дека „невработливи“ луѓе не постојат. Постојат луѓе на кои им е потребна вистинска поддршка, систем и некој што ќе поверува во нив – сподели нашата извршна директорка, Климентина Илијевски на регионалната конференција за социо-економска инклузија на ранливите групи во Западен Балкан, која се одржа на 6-ти и 7-ми мај во Белград, во организција на Германското друштво за меѓународна соработка и развој ГИЗ.

Таа зборуваше за моќта на социјалното менторство и за тоа како поддршката може да ја промени професионалната, но и животната траекторија на луѓето.

- Ме радува што методологијата создадена овде, во Македонија, покажа дека функционира во различни контексти во земјите на Западен Балкан - од градски средини до рурални области, од млади без работно искуство, до жени жртви на насилство и лица со попречености. Ова е возможно преку адаптациите што се направени за различните групи што ги вклучуваме во програмата. Но, универзалното јадро е истото: секој човек има потенцијал, но потребна му е длабока, персонализирана поддршка за да го активира – сподели Илијевски.

Таа објасни дека социјалното менторство не значи само подготовка за интервју или пишување CV, туку опфаќа длабоко разбирање на личната приказна, создавање чувство на припадност и сигурност, надминување на лимитираните верувања, враќање на самодовербата, градење социјални конекции, развој на стратегии за справување со предизвици на работното место.

- Ставаме акцент на препознавање на афинитетите и капацитетите кај менторираните лица кои низ процес на поддршка, ги освестуваат и ги ставаат во служба на нивниот развој. Процесот на менторство трае од 6 до 12 месеци и вклучува редовни индивидуални сесии со социјален ментор, кој ја дава поддршката и пред вработувањето, но и во првите месеци после вработувањето.

#СоцијалноМенторство #СоцијалноМенторствоПаблик

GIZ North Macedonia

29/04/2026

Трансформативната сила на социјалното менторство на #Паблик преточена во приказна која инспирира и мотивира.
Погледнете го видеото за нашата социјална менторка Марија Цветановска Трпески.
Кликнете на линкот за целата сторија на Лице в лице 💫
https://licevlice.mk/marija-od-zaguba-do-sila-socijalno-mentorstvo/

#СоцијалноМенторство #СоцијалноМенторствоПаблик

Некои луѓе започнуваат со предност. Други, со предизвици.А има и такви кои започнуваат… без да постојат во системот.Горд...
15/04/2026

Некои луѓе започнуваат со предност. Други, со предизвици.
А има и такви кои започнуваат… без да постојат во системот.

Горди сме на Валентин кој е една од исклучителните приказни за влијанието на #СоцијалноМенторство 💚

Започнува без основни предуслови- без матичен број, без лична документација, без пристап до здравство и формално образование. Неговата реалност била исполнета со бариери кои лесно можат да го оттурнат секој млад човек од сопствениот потенцијал.

Но токму тука започнува улогата на социјалното менторство на Паблик, кое му овозможи присуство, верба, насочување. Му овозможи и отворање врати таму каде што претходно немало ниту праг. Тоа е процес во кој некој те гледа не според тоа што ти недостига, туку според тоа што можеш да постигнеш. 🫶

Валентин денес работи и гордо стои зад својот избор. Редовно нè прашува за можности за напредок во кариерата, што е јасен знак дека не „си легнал на брашното“, туку е свесен каде уште може да стигне. Ваквите приказни не се случајни, туку се резултат на поддршка, посветеност и на вистински пристап.

Целата приказна е на веб на Лице в лице 👇

https://licevlice.mk/od-nevidliv-do-gotvach-valentin/

#СоцијалноМенторствоПаблик

Од „невидлив“ до готвач: Валентин Ракип две децении живеел надвор од системот без матичен број и државјанство. Денес е вработен со помош на Социјално менторство. Т...

Неплатената грижа не е „приватна работа“, туку економија што останува невидлива.Жените и девојките обезбедуваат дури 76%...
06/04/2026

Неплатената грижа не е „приватна работа“, туку економија што останува невидлива.

Жените и девојките обезбедуваат дури 76% од времето за грижа (податок од Меѓународната организација на трудот), а токму оваа неплатена работа е главната причина зошто жените остануваат надвор од работната сила.

Државниот завод за статистика дава податок дека над 84.000 жени во нашата држава, во клучниот и најпродуктивен период за кариера (25-49 години) се неактивни, најчесто поради грижата за домот и семејството.

Новото истражување кое го работеше „Паблик“ открива дека ова не е индивидуален избор, туку структурен проблем.

Недостигот на достапни услуги за грижа, ограничените флексибилни работни модели и длабоко вкоренетите родови норми ја ограничуваат економската независност на жените.
Решенијата се однесуваат на поголеми инвестиции во услуги за грижа, флексибилност на работното место и системска поддршка за економско јакнење на жените.

Економијата на грижа не смее да остане во сенка.

Истражувањето е во рамките на проектот „Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој - Сида, спроведен од UN Women Skopje

Повеќе информации на Лице в лице на веб https://licevlice.mk/rodov-jaz-ekonomija-na-grizha-zheni-neaktivnost-makedonija/

Address

Орце Николов 93/5
Скопје
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Паблик / Public posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Паблик / Public:

Share