Сава Осигурување е една од водечките осигурителни компании во нашата држава, стратешки партнер на најголемата реосигирутелна компанија во Р. Словенија - Сава Ре, со искуство од преку 20 години.
Во текот на целиот овој период, максимално успешно го обезбедуваме комплетното портфолио на осигурителни услуги, со исклучителна посветеност и грижа кон сите свои клиенти и станавме дел од традицијата на македонската економија.
Имаме соработка со Друштвото за застапување во осигурување МК Осигурување, преку кое можете да ги набавите сите наши полиси 24/7 и тоа низ целата држава.
Дополнителна придобивка за нашите клиенти е можноста за плаќање на 12 рати без камата, со кредитните картички на НЛБ Тутунска банка АД Скопје и на Стопанска банка АД Скопје.