Македонско кредитно биро АД Скопје

Македонско кредитно биро АД Скопје Добредојдовте на официјалниот Facebook профил на Македонско кредитно биро АД

Македонско кредитно биро (МКБ) е првото приватно кредитно биро во Република Македонија.

Основано е на 24.12.2008 година во Скопје како акционерско друштво од страна на Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје.

Неговата основна функција е да врши целосно или делумно, собирање и обработување на податоците за обврските на субјектите и/или други податоци определени со Закон за кр

едитно биро, со цел да обезбеди извештаи за задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските од страна на субјектот на податоците.

Во МКБ се доставуваат податоци за лица кои се однесуваат на обврски по кредити, гаранции, акредитиви, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги.

МКБ располага со повеќе видови извештаи, меѓу кои: Сопствен извештај за физички и правни лица; Извештај за блокада на трансакциска сметка за физички и правни лица; АСИС за физички и правни лица (алармен систем на известување на субјекти кој им овозможува на субјектите да примаат e-mail пораки за состојбата и промените во нивното кредитно досие); Кориснички извештаи (извештаи што Корисник на податоци може да ги побара за одреден субјект на податоци било да е физичко или правно лице, за да му послужи за донесување брзи и економски оправдани деловни одлуки); Корпоративен-бонитетен извештај за проверка на компании; Мониторинг (напредна алатка која овозможува редовно информирање за промените во статусот на клиентите - правни или физички лица кои се мониторираат); Меѓународни извештаи (извештаи со бонитетни информации за повеќе од 200 милиони компании од над 230 земји од целиот свет кои ги добива во соработка со Италијанското кредитно биро - CRIF S.P.A).

Address

Улица Даме Груев бр. 14, 2 кат 1000 Скопје, Македонија
Skopje

Opening Hours

Monday 09:00 - 16:00
Tuesday 09:00 - 16:00
Wednesday 09:00 - 16:00
Thursday 09:00 - 16:00
Friday 09:00 - 16:00

Telephone

023251291

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Македонско кредитно биро АД Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Нашата приказна

Македонско кредитно биро (МКБ) е првото и единствено кредитно биро во државата кое делува со цел на нашите корисници да им овозможиме безбедно деловно опкружување и сигурно чекорење низ процесот на деловното одлучување и унапредување на работењето. Основано е врз основа на посебен Закон за кредитно биро од страна на Клириншка куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД Скопје), како друштво во сопственост на банките. МКБ врши целосно или делумно, собирање и обработување на податоците за обврските на субјектите по основ на кредити, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги., со цел да обезбеди извештаи за задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските од страна на субјектот на податоци. Нашите извештаи овозможуваат увид во задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските на постојните клиенти и на новите или потенцијалните клиенти и истовремено овозможуваат наплата на побарувања.