Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела

Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела Glavnata cel na proektot da obezbedi pravna i psihosocijalna poddrska na ranlivi zrtvi na nasilni krivicni dela.

Доколку сте жртви на насилни кривични дела и во период на епидемија на КОВИД-19, можете да побарате помош на телефонскит...
04/06/2021

Доколку сте жртви на насилни кривични дела и во период на епидемија на КОВИД-19, можете да побарате помош на телефонските броеви 02/3220-870 и 075/235-837 секој работен ден од понеделник до петок од 08.30 до 16.30 часот, по пат на е-маил: [email protected] , на нашата ФБ страна или со поставување на прашање на страната www.pristapdopravda.mk

Сервисот за правна и психосоцијална поддршка на МЗМП е се уште во функција, а за повеќе информации можете да не побарате...
02/06/2021

Сервисот за правна и психосоцијална поддршка на МЗМП е се уште во функција, а за повеќе информации можете да не побарате на телефонските броеви: 075/235-837 и 02/3220-870, со порака во инбокс или анонимно да поставите прашање на www.pristapdopravda.mk www.pristapdopravda.mk

27/05/2021

👉Иако повеќето деца кои биле изложени на насилство НЕ стануваат возрасни кои вршат насилство врз своите деца или пак жртви на насилство, сепак, истражувањата покажуваат дека постои врска меѓу изложеноста на насилство во детството (и како сведоци и како жртви) и зголемениот ризик кај мажите - да бидат сторители, а кај жените - да бидат жртви на насилство во возрасното доба. Изложеноста на насилство во детството може да има сериозни психолошки последици врз ментално здравје, кои во комбинација со социјалното учење (усвојување штетни обрасци на однесување и ставови) доколку не се третираат, може да предизвикаат повторување или повторна изложеност на насилство. Кругот на интергенерациско насилство може да се прекине меѓудругото и со ефективни програми на психосоцијална поддршка на жртвите на насилство. Нашиот сервис за Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дел нуди и психосоцијално советување од страна на стручни советници кои работат со жртвата во согласност со извршената проценка за нејзините потреби. Услугите кои ги обезбедува овој сервис можете да ги побарате на телефонските броеви 02/3220-870, 075/235-837 и 071/277-180.

‼Неколку факти за зачестеноста, пријавувањето и барањето помош во случаи на родово базираното насилство објавени на стра...
26/05/2021

‼Неколку факти за зачестеноста, пријавувањето и барањето помош во случаи на родово базираното насилство објавени на страната на UN WOMAN https://www.unwomen.org/en/what-we-do/ending-violence-against-women/facts-and-figures

• 15 милиони девојчиња - адолесценти ширум светот, на возраст од 15–19 години, доживеале присилен сексуален однос или други сексуални дејства. Во огромното мнозинство од земјите, девојчињата на оваа возраст се изложени на најголем ризик и тоа од сегашен или поранешен сопруг, партнер или момче. Врз основа на податоци од 30 земји, само еден процент (1%) од нив побарале стручна помош [10].

• Помалку од четириесет проценти (40%) од жените кои доживеале насилство бараат помош од каков било вид. Во повеќето земји со достапни податоци за ова прашање, жените кои бараат помош, најчесто се обраќаат на семејството и пријателите, а многу малку се обраќаат на официјални институции, како што се полицијата и здравствените установи. Помалку од десет проценти (10%) од оние кои бараат помош се обратиле до полицијата

• Една од 10 жени во Европската унија изјавиле дека доживеале сајбер малтретирање веќе од 15-годишна возраст. Ова вклучува и добивање несакани и / или навредливи сексуално-експлицитни електронски писма или СМС-пораки, или навредливo и / или несоодветнo пристапување на социјалните мрежи. Ризикот е најголем кај млади жени на возраст од 18-29 години.

• Повиците на телефонски линии се зголемиле за пет пати во некои земји бидејќи стапките на пријавено насилство од страна на интимните партнери се зголемени заради епидемијата КОВИД-19. Ограниченото движење, социјалната изолација и економската несигурност ја зголемуваат ранливоста на жените на насилство во домот ширум светот.

• До септември 2020 година, 52 земји го интегрирале во плановите за одговор на КОВИД-19 спречувањето и одговорот на насилството врз жените и девојчињата, а 121 земја усвоиле мерки за зајакнување на услугите за жените кои преживеале насилство за време на глобалната криза, но итно се потребни повеќе напори [3]

Доколку сте жртви на насилни кривични дела и во период на епидемија на КОВИД-19, можете да побарате помош на телефонските броеви 02/3220-870 и 075/235-837 секој работен ден од понеделник до петок од 08.30 до 16.30 часот, по пат на е-маил: [email protected] , на нашата ФБ страна или со поставување на прашање на страната www.pristapdopravda.mk

Availability of data on violence against women and girls has increased significantly in recent years. Here are some facts and figures.

Доколку сте жртви на насилни кривични дела и во период на епидемија на КОВИД-19, можете да побарате помош на телефонскит...
21/05/2021

Доколку сте жртви на насилни кривични дела и во период на епидемија на КОВИД-19, можете да побарате помош на телефонските броеви 02/3220-870 и 075/235-837 секој работен ден од понеделник до петок од 08.30 до 16.30 часот, по пат на е-маил: [email protected] , на нашата ФБ страна или со поставување на прашање на страната www.pristapdopravda.mk

👇👇👇

👇👇👇
19/05/2021

👇👇👇

19/05/2021

‼На 6ти мај 2021 година започна со примена новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, достапен на линкот: https://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/2021/1a28a922f364401e94935d4d694b9d75.pdf.

Со законот се воспоставува ефективна заштита на жртвите од каков било облик на родово-базирано насилство врз жени како и на жртвите на семејно насилство со почитување на основните човекови слободи и права. Законот содржи листа насилства кои се опфатени со мерките, активностите и услугите за спречување и заштита, а кои се обезбедуваат на начин кој овозможува зајакнување на потенцијалот и капацитетите на жртвата за независно организирање на живот и само-помош во иднина.

Секој кој има сознание за постоење родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство е должен да пријави до полициска станица (https://mvr.gov.mk/kategorija2/sektori-za-vnatreshni-raboti-i-ps), центар за социјална работа (https://www.mtsp.gov.mk/institucii.nspx), јавно обвинителство (https://jorm.gov.mk/osnovni-javni-obvinitelstva-na-rm/), здружение или на С.О.С. линијата 15 -315, а надлежните институции се должни да постапат и по анонимна пријава. МТСП креираше и мобилна апликација за пријава (https://www.mtsp.gov.mk/media-centar-ns_article-bidi-bezbedna.nspx). Сервисот за правна и психосоцијална поддршка на МЗМП е се уште во функција, а за повеќе информации можете да не побарате на телефонските броеви: 075/235-837 и 02/3220-870, со порака во инбокс или анонимно да поставите прашање на www.pristapdopravda.mk.

На 51вата седница на Владата на РСМ донесена е одлука за забрана за движење на населението на територијата на Република ...
12/03/2021

На 51вата седница на Владата на РСМ донесена е одлука за забрана за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник). https://vlada.mk/node/24498
Сите кои сакаат да пријават насилство тоа треба да го сторат и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица.

МТСП и останатите институции координирано постапуваат и преземаат конкретни мерки за заштита на жртвите согласно законските надлежности за итно и должно постапување и за време на полициски час. Стручните лица од центрите за социјална работа имаат дозвола за непречено движење и за време на полициски час, со цел жртвите да ја добијат потребната заштита и поддршка.

Ги охрабруваме сите жени кои се соочуваат со каква било форма на родово базирано насилство или семејно насилство да пријават на 192, СОС линиите, во центрите за социјална работа или најблиската полициска станица.

https://mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-prijavete-semejno-nasilstvo-instituciite-postapuvaat-servisite-za-zashtita-i-poddrshka-se-funkcional.nspx

Доколку сте жртви на семејно насилство или друг вид на насилно кривично дело или познавате некој што е жртва, побарајте правна и/или психосоцијална поддршка на телефонските броеви 075/235-837 или 071/277-180 , 02/3220-870, 02/3290-180 или поставете анонимно прашање на веб страна www.pristapdopravda.mk или со порака во Inbox

На денешната седница на Владата донесена е одлука за забрана за движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на Република Северна Македони....

👉МИТ- Однесувањето на насилникот е најчесто предизвикано од конзумирање на алкохол,  наркотични дроги и други психотропн...
08/02/2021

👉МИТ- Однесувањето на насилникот е најчесто предизвикано од конзумирање на алкохол, наркотични дроги и други психотропни супстанци, стрес или други психолошки проблеми
‼ВИСТИНА - Иако алкохолот, стресот, проблемите на работното место или психолошките проблеми можат да бидат пропратени со семејното насилство сепак тие не се единствената причина. Самите сторители признаваат дека ги користат горенаведените причини за да си го оправдаат своето насилно однесување. Голем број мажи кои физички ги повредуваат своите жени не козумираат алкохол. Мажите кои конзумираат алкохол и физички ги повредуваат своите жени телесно не повредуваат рандом луѓе на улицата, нивни родители или нивните претпоставени и надредени на работа. Тие насилството го насочуваат само кон своите жени. Дури и продолжуваат тоа да го прават и откако ќе престанат да конзумираат алкохол. Насилникот може да го користи алкохолот како изговор за стореното насилство, или дека под влијание на алкохолот не може да биде свесен за степенот на сила кој го употребува. Семејното насилство и злоупотребата на наркотични дроги и супстанци треба да биде разбрана и третирана како независни проблеми.

‼Побарајте , упатување или совет (правен или психо-социјален) на телефонские броеви 075/235-837 или 071/277-180, 02/3220-870 или 02/3290-180, или поставете анонимно прашање на веб страната www.pristapdopravda.mk, или со приватна порака во Inbox на Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела

Македонски веб портал за приближување на правото до граѓаните

Address

Улица Донбас 14/1/6
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Telephone

+38975235837

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела:

Share