Nikoloski Konsalting DOOEL Prilep

Nikoloski Konsalting DOOEL Prilep Drustvo za smetkovodstveni i konsalting uslugi

08/03/2023

Почитувани колешки, пријателки и мајки.. нека Ви е честит Денот на жената, исполнет со љубов и внимание!

12/12/2022

ПРЕДЛОГ ИЗМЕНИ НА ДАНОЧНАТА РЕГУЛАТИВА

Почитувани,

Во собраниска процедура влегоа долго најавуваните измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност, Законот за данокот на личен доход и Законот за данокот на добивка.

1. Измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност се во насока на:

• Оданочување на одредени производи за човечка исхрана коишто не се дел од основните производи потребни за човечка исхрана со повластена даночна стапка од 10 проценти;

• Намалување на стапката за прометот со менструални производи;

• Намалување на даночната стапка за дигиталните учебници;

• Доуредување на одредбите коишто го дефинираат местото на прометот на услуги;

• Воведување на терминот даночен застапник;

• Уредување на даночниот третман на прометот преку вредносни ваучери.

2. Измените и дополнувањата на Законот за данокот добивка се во насока на:

• Утврдување третман на непризнат расход на целиот износ на трошоците по основ на уплатени премии за осигурување на живот на вработените;

• Укинување на правото на намалување на пресметаниот данок за износот на донираните средства на спортски субјекти;

• Укинување на обврската за задолжително поднесување на извештаите за трансферни цени, односно пропишување обврска за нивно доставување само по барање на Управата за јавни приходи;

• Укинување на постојното ослободување од обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход на субјектите со остварен вкупен приход во годината до 3.000.000 денари.

3. Измените и дополнувањата на Законот за данокот на личен доход се во насока на:

• Отпочнување со оданочување на капиталните добивки остварени од продажба хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд;

• Промена на концептот на оданочувањето на капиталните добивки;

• Одложување на оданочувањето на каматите од орочени депозити;

• Укинување на прогресивното оданочување и оданочување на остварениот доход со единствена стапка од 10% и 15% за доход од игри на среќа, и др.

Искрен поздрав!

21.06.2022, podmladeni!
21/06/2022

21.06.2022, podmladeni!

16/06/2022

Нова Одлука за ограничување на маржата во трговијата на големо и мало на одделни прехранбени производи која ќе се применува до 30 Септември 2022 година:
- леб бел (сечен на парчиња или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо и трговијата на мало се утврдува најмногу во вкупен износ до 5%.
- брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2.8%. 3.2% и 3.5% и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо и трговијата на мало се утврдува најмногу во вкупен износ до 10%.

https://fitr.mk/startapuvaj4/
09/06/2022

https://fitr.mk/startapuvaj4/

Врз основа на член 25 став 4 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18) и Правилникот за инстр....

08/06/2022

АКОНТАЦИЈА ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА МЕСЕЦ МАЈ 2022 ГОДИНА

Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за месец Мај 2022 година е позитивен и изнесува 7,2%. Врз основа на наведеното, месечната аконтација за месец Мај 2022 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2021 година зголемена за 7,2%.

31/05/2022

На 1 Јуни 2022 година престанува да се применува Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки („Службен весник на РСМ“, бр. 51/22 и 81/20222).
Согласно наведеното од 1 јуни 2022 година (среда), производителите, трговците на големо и мало ќе можат слободно да ги формираат продажните цени на горенаведените производи без ограничување на маржата.

30/05/2022

ВАЖНО:
Физичките лица – граѓани кои оствариле доход во 2021 година кој подлежи на оданочување со данок на личен доход, овие денови со одредено задоцнување од страна на УЈП ги добиваат предпополнети годишните даночни пријави во системот е-ПДД на пропишан образец ДЛД-ГДП. Имајќи во предвид дека во текот на годината остварениот доход е аконтативно оданочен, со добивањето на годишната даночна пријава се врши конечно оданочување на доходот.

До колку постои обврска, согласно член 98 и член 100 став 2 од ЗДЛД, физичкото лице – граѓанин е должен да ја плати утврдената обврска на данок на доход за 2021 година најдоцна до 30-ти јуни 2022 година. Обврска за плаќање по годишната даночна пријава за 2021 година постои до колку на втората страна на Образецот ДЛД-ГДП во делот Утврден годишен данок на личен доход на реден број 11 Разлика за доплата на данок на личен доход 11 = 5 – 10 постои износ. До колку на наведеното поле нема наведен износ, односно искажан е износ 0, физичкото лице – граѓанин нема обврска за плаќање и истиот може да ја потврди годишната даночна пријава.

20/05/2022

All Different - All Equal!

31/12/2021

Почитувани, Николоски Консалтинг ви ги честита НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИЌНИТЕ празници со желби за успех и просперитет во работата!

Address

Arhiepiskop Dositej Br 78, Prilep, R. S. Makedonija
Makedonija
7500

Telephone

+38978299190

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Nikoloski Konsalting DOOEL Prilep posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Nikoloski Konsalting DOOEL Prilep:

Share