20/05/2024
НАСЛОВ НА ОБЈАВА :ЧЕК ЛИСТА ЗА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИПАРД 3 , МЕРКА 3 .ПОВИКОТ Е ВО ТЕК И ТРЕБА ДА ЗАВРШИ НА 28.МАЈ 2024
ПРОВЕРЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ДОКУМЕНТИ ВО СЛЕДНАТА ЧЕК ЛИСТА
1.Барање за ИПАРД
2.Доказ дека корисникот е регистриран во системот за
ДДВ
3.Доказ дека корисникот не е во постапка на стечај
4.Доказ дека корисникот не е во постапка на ликвидација
5.Доказ дека врз корисникот не е изречена прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност
6.Доказ-уверение од кривична евиденција дека против корисникот нема обвинителен акт кој влегол во правна силаод регистарот за кривична евиденција издадена од основен кривичен суд.
7.Копија од акционерска книга во случај кога корисникот е правно лице регистрирано како акционерско друштво
8. Потпишана изјава за информации за големина на корисникот (микро, мало или средно претпријатие)
• Доказ за сопственичка структура на поврзани и партнерски претпријатија со апликантот регистрирани надвор од границите на република северна македонија, издадени од релевантна институција од соодветната држава
• Документ кој содржи податоци за број на вработени, годишен приход и годишен биланс на состојба на поврзаните и партнерските претпријатија со апликантот кои се регистрирани надвор од границите на Република Северна Македонија. Податоците треба да бидат земени од последната одобрена фискална година.
• Потврди за удели во акционерски друштва на апликантот и сите регистрирани сопственици на апликантот издадна од Централен Депозитар на Хартии од Вредност на Република Северна Македонија
9. Уверение за платени даноци и придонеси
10. Решение за вршење на соодветна дејност издадено од Агенција за храна и ветеринарство
11. Имотен лист за објект, и/или Имотен лист за земјиште
12. Договор за закуп за објект и/или земјиште
13. Доказ за редовно подмирени обврски по основ на договор за кредит во случај кога банката има воспоставено залог врз имотот, впишан во релевантниот имотен лист, предмет на инвестиција.
14. Решение или поднесено барање за
• одобрен елаборат за заштита на животната средина, или
• А или Б интегрирана еколошка дозвола, или
• одобрено барање за издавање на А или Б интегрирана еколошка дозвола, или
• Потврда дека корисникот не е должен да поседува Решение за одобрен елаборат за заштита на животна средина на А или Б Интегрирана дозвола
* Документот треба да е издаден од страна на локалната самоуправа или од Министерството за животна средина и просторно планирање.
15. Деловен план
16. Одобрение за :
• изградба на нов обејкт
• реконструкција на постоечки објект
• адаптација на постоечки објект
• доградба на постоечки објект
• надградба на постоечки објект
• поставување на опрема за производство на енергија од обновливи извори на енергија
• изведена состојба или
• потврда од релевантната институција дека за предложената инвестиција не е потребно одобрение за градба
17. Копии или електронска форма (CD) од основните технички цртежи и предмер - пресметка од ревидирана техничка документација за
• изградба на нов обејкт
• реконструкција на постоечки објект
• адаптација на постоечки објект
• доградба на постоечки објект
• надградба на постоечки објект
• изведена состојба
• поставување на опрема за производство на енергија од обновливи извори на енергија
• производство на енергија од обновливи извори на енергија
18. Времена ситуација/ состојба за сите завршени градежни работи
19. Две понуди издадени од независни добавувачи за секоја ставка/ група на ставки со износ помал од 10.000 евра придружена со техничка спецификација за секоја ставка/ група на ставки и изјава од корисникот со објаснување на причините за избор на конкретната понуда во случај кога избраната понуда не е со најниска цена.
20. Три понуди издадени од независни добавувачи за секоја ставка/ група на ставки со износ поголем од 10.000 евра придружени со техничка спецификација за секоја ставка/ група на ставки и изјава од корисникот со објаснување на причините за избор на конкретната понуда во случај кога избраната понуда не е со најниска цена.
21. Копии од лиценци за градба за релевантната категорија на градба за секој понудувач
22. Копија од документ кој ќе содржи податоци за сопственичката структура за сите странски добавувачи
23. Копија од акционерска книга за сите понудувачи кои се регистрирани како акционерски друштва - копија
24. Две понуди издадени од различни добавувачи за секоја ставка/ група на ставки за општи трошоци со износ помал од 10.000 евра придружени со и изјава од корисникот со објаснување на причините за избор на конкретната понуда во случај кога избраната понуда не е со најниска цена. (Изјавата треба да биде со датум по прибирање на понудите).
25. Три понуди издадени од различни добавувачи за секоја ставка/ група на ставки за општи трошоци со износ поголем од 10.000 евра придружени со и изјава од корисникот со објаснување на причините за избор на конкретната понуда во случај кога избраната понуда не е со најниска цена (Изјавата треба да биде со датум по прибирање на понудите).
18.